| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мелони: Многумина се обидуваат да го забават мигрантскиот модел со Албанија, но тој се движи напред
Денес е историски ден за нас, бидејќи за прв пат албанската влада седи заедно со италијанската влада за да разговара за заеднички проекти и заедничка иднина и да потпише конкретни договори и проекти, рече Рама по меѓувладиниот самит со Италија во Рим
Мелони: Многумина се обидуваат да го забават мигрантскиот модел со Албанија, но тој се движи напред
Ова е ден што може да се смета за историски за нашите билатерални односи, изјави Мелони / Reuters
14 ноември 2025

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во четвртокот го бранеше многу критикуваниот договор за мигранти со Албанија, велејќи дека правните пречки што го забавија целосното работење на прифатните центри надвор од Италија наскоро ќе бидат отстранети.

„Не секој ја разбра вредноста на моделот што го претставува Протоколот меѓу Италија и Албанија за мигрантите. Многумина работеа на тоа да го забават или блокираат, но ние сме решени да продолжиме напред, бидејќи тоа е механизам што има потенцијал да ја промени парадигмата за управување со миграцијата“, рече Мелони за време на заедничкaта прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама обраќање со албанскиот премиер Еди Рама по меѓувладиниот самит со Албанија во Рим.

Според неа, „центрите ќе работат точно како што е планирано од самиот почеток“ откако пактот, усвоен од Европската унија минатата година, ќе стапи во сила, што е закажано за средината на 2026 година.

„Протоколот несомнено ќе биде оперативен штом ќе стапи во сила новиот европски пакт за миграција и азил“, изјави Џорџија Мелони по меѓувладиниот самит со Албанија во Рим.

Мелони и нејзиниот албански колега, Еди Рама, потпишаа договор во 2023 година кој има за цел да го предаде процесирањето на барателите на азил пресретнати на море на центрите управувани од Италија во Албанија.

Но оваа водечка мерка од италијанската влада е блокирана од повеќе правни предизвици во италијанските судови.

„Премиерот Рама е мој сведок, постојат европски земји кои веќе некое време се обидуваат да се приклучат на истата иницијатива, Протоколот Италија-Албанија, бидејќи сите разбираат дека овој потег е револуционерен во пристапот кон управувањето со мигрантските текови“, заклучи Мелони.

Центрите за мигранти останаа во голема мера празни откако беа отворени пред една година, и покрај напорите на Рим да ги претвори во прифатни центри за луѓе што чекаат депортација.

„Ова е ден што може да се смета за историски за нашите билатерални односи. Ова е прв пат нашите кабинети да се состануваат во овој формат, а потпишани се голем број технички и владини договори“, додаде италијанската премиерка.

Мелони нагласи дека односите меѓу Италија и Албанија датираат од далечното минато, отсекогаш биле стабилни и одат подалеку од заедничките интереси.

„Беше трогателно да се присуствува на нашата пленарна седница со речиси 20 министри од двете страни кои зборуваа исклучиво на италијански јазик, без потреба од превод. Мислам дека тоа многу зборува за тоа колку Италија е пресвртница и модел за Албанија“, рече Мелони, нагласувајќи дека Италија сака да го направи овој исклучителен однос основа за уште посилна соработка.

Во своето обраќање, Рама изјави дека денес се во можност да планираат соработка во неколку насоки со цел да се зајакнат одбранбените капацитети на Албанија, но и заедничките одбранбени капацитети.

„Денес е историски ден за нас, бидејќи за прв пат албанската влада седи заедно со италијанската влада за да разговара за заеднички проекти и заедничка иднина, но и да направи преглед на она што е направено досега и да потпише конкретни договори и проекти“, рече Рама.

Премиерот додаде дека стратешкото партнерство меѓу двете земји е придружено со „големи проекти“.

Зборувајќи за процесот на европска интеграција, Рама рече: „Подготвени сме да склучиме договор со Европската Унија да не користиме ниту вето ниту гласање, и немаме намера да ставиме вето“.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина