Автобус падна во река во Непал, загинаа најмалку 17 лица
Спасувачите ги превезуваат повредените патници во блиските болници
Најмалку 17 лица загинаа, а 24 беа повредени кога патнички автобус што патувал од градот Покара до непалскиот главен град Катманду паднал во реката Тишули во округот Дадинг.
Несреќата, според вооружените полициски сили на Непал, се случила во 1:30 часот по локално време во понеделник (19:45 часот по гривничко време во недела).
Портпаролот на силите, Бишну Прасад Бхата, изјави дека голем број членови на сите безбедносни сили продолжуваат со спасувачките операции на терен.
Спасувачите се обидуваат да ги идентификуваат мртвите, додека повредените патници се превезуваат во блиските болници.
Причината за несреќата не е позната.
Сообраќајните несреќи се чести во Непал, планинска земја, поради лошата инфраструктура, старите возила и опасниот терен.