| Macedonian
ПОЛИТИКА
6 мин читање
Зошто Харг, мал остров во Персискиот Залив, е важен во војната против Иран
Еден закржлавен остров во Заливот го обработува речиси целиот извоз на сурова нафта на Иран, што го прави клучен за економската жилавост и ризична потенцијална цел во војната меѓу САД и Израел против Иран
Зошто Харг, мал остров во Персискиот Залив, е важен во војната против Иран
Сателитска снимка покажува нафтен терминал на островот Харг, Иран, 25 февруари 2026 година / Reuters
пред 2 часа

Островот Харг, неразвиено парче земјиште во северниот дел на Персискиот Залив, на околу 30 км од брегот на Иран во покраината Бушер и 480 км оддалечен од Ормускиот залов, е многу позначаен отколку што сугерира неговата големина.

Островот од 20 квадратни километри функционира како главен терминал за извоз на нафта на Иран и го обработува речиси целиот извоз на суровата иранска нафта. Тој ја собира нафтата што доаѓа преку цевковод од најголемите полиња за производство на Иран, вклучувајќи ги Ахваз, Марун и Гачсаран.

Капацитетот за складирање на Харг се проценува на околу 30 милиони барели и, според Кплер (водечкиот провајдер на податоци во живо и аналитика за глобалните текови на стоки) приближно 18 милиони барели сурова нафта моментално се складираат на островот, што е еквивалентно на приближно 10-12 дена извоз под нормални услови.

Сепак, Харг досега остана недопрен од американските и израелските напади во тековната војна против Иран.

ПоврзаниTRT Balkan - Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор

Иран, трет најголем производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), црпи околу 4,5% од глобалните резерви на нафта, со производство од околу 3,3 милиони барели сурова нафта дневно, плус 1,3 милиони барели дневно кондензат и други течности.

Во деновите пред нападот на САД и Израел, Иран го зголеми извозот од Харг на речиси рекордни нивоа, внесувајќи над 3 милиони барели дневно во периодот од 15 до 20 февруари, речиси трипати повеќе од нормалното темпо на извоз од околу 1,3 милиони до 1,6 милиони барели дневно, според ЏП Морган.

„Директен напад веднаш би го запрел најголемиот дел од извозот на сурова нафта на Иран, веројатно предизвикувајќи сериозна одмазда во Ормускиот теснец или против регионалната енергетска инфраструктура“, велат од ЏП Морган.

За време на заложничката криза во Иран во 1979 година, американскиот претседател Џими Картер воведе санкции врз Иран, но се воздржа од наредба за напади врз островот. 

Неговиот наследник, Роналд Реган, за време на „војната на танкери“ меѓу Иран и Ирак во 1980-те, даде приоритет на заштитата на товарните бродови и насочувањето на нападите кон иранските бродови и ракетни батерии, оставајќи го Харг недопрен.

Харг доживеа клучен развој за време на нафтената експанзија на Иран во 1960. и 1970., со голем дел од брегот премногу плиток за супертанкерите.

Иран настојуваше да ги диверзифицира своите извозни капацитети со отворање на терминалот Џаск надвор од Ормускиот теснец во Оманскиот Залив во 2021 година, но Харг останува „критична ранливост“ за Иран, велат од ЏП Морган.

„Тоа е камен-темелник на економијата на Иран и главен извор на приходи за Иранската револуционерна гарда“, додаваат од ЏП Морган, осврнувајќи се на добро опремената идеолошка гранка на иранската армија.

Тесно грло на иранската економија

Стратешката важност на островот произлегува од ризикот од концентрација. Поголемиот дел од извозната инфраструктура на Иран е централизиран таму.

Тој обработува околу 90 проценти од извозот на сурова нафта на Иран, според белешката на ЏП Морган објавена во неделата.

Резервоарите за складирање на островот можат да содржат десетици милиони барели сурова нафта пред да се натовари на танкери.

Бидејќи извозот на нафта е основен извор на државните приходи на Иран, Харг е во суштина економската сламка за спас на иранската влада.

ПоврзаниTRT Balkan - Иран предупредува дека нападите на САД врз неговите острови ќе „ги прекршат сите ограничувања“

Извозот на нафта на Иран би се запрел, а производството би се преполовило ако САД и Израел го заземат неговото пристаниште на островот Харг, предизвикувајќи понатамошни напади од Техеран врз регионалната нафтена инфраструктура, велат од ЏП Морган.

На нишан?

САД и Израел досега внимателно се движеа околу островот, но извештајот на Аксиос за време на викендот цитираше претставници на администрацијата на Трамп, кои рекоа дека заземањето на Харг е на маса додека војната на Блискиот Исток продолжува.

Секој потег на територијата, која е околу една третина од големината на Менхетен, би имал брзи последици, велат експертите.

Иранските напади речиси го запреа поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец - низ кој нормално минува една петтина од глобалната сурова нафта и течен природен гас - а исто така влијаеја и врз нафтената инфраструктура во другите земји од Заливот.

Но иранските енергетски средства досега не се деградирани и таргетирањето на островот би бил „многу ризичен потег“, изјави за АФП Фарзин Надими, виш соработник во Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток.

Иран не само што е „искусен во користењето алтернативи“ во воено време, туку може „да предизвика многу поголема штета на инсталациите за нафта и гас во Заливот ако сака и може да направи многу повеќе многу брзо, и сите го знаат тоа“.

„Не мислам дека темата за заземањето на островот ќе оди подалеку од дебатите во американскиот Конгрес“, додаде тој - перспективата се дискутираше во Вашингтон уште од заложничката криза што започна во 1979 година за време на основањето на републиката.

Зошто островот е сè уште недопрен

Аналитичарите за Гардијан изјавија дека нападот врз терминалот ризикува да предизвика глобален нафтен шок.

„Можеби ќе видиме дека цената од 120 долари за барел што ја видовме во понеделник ќе се движи кон 150 долари ако Харг биде нападнат“, рече Нил Квилијам од тинк-тенкот „Чатам Хаус“, цитиран од Гардијан.

„Премногу е важен за глобалните енергетски пазари“.

Тие, исто така, предупредија дека нападот би можел да предизвика поширока одмазда од Техеран, вклучително и напади врз нафтени постројки низ Заливот или бродови во Ормускиот теснец, потенцијално дополнително ескалирајќи го конфликтот.

Уништувањето на Харг или оштетувањето на неговите извозни постројки би можело да предизвика траен пораст на цените на нафтата, според Линет Нусбахер, поранешен офицер за разузнавање на британската армија, која рече дека таков потег „носи ризик да предизвика зголемување на цената на нафтата што ќе ја обликува економијата, а која нема брзо да се намали“.

Израел, исто така, се воздржа од таргетирање на островот за време на 12-дневната војна минатото лето, а аналитичарите велат дека обновата на неговата обемна и комплексна нафтена инфраструктура би можела да потрае со години ако биде погодена.

Надими рече дека Вашингтон би можел да се обиде да го заземе островот кога ќе завршат непријателствата, но дека тоа „не е мудар потег“ за време на борбите кога Харг е „скоро цел остров на нафтени објекти, цевководи и резервоари“.

„Многу е тешко да се спроведе воена операција на тој конкретен остров“, рече тој.

Во саботата, Израел го започна својот прв напад од војната врз нафтените објекти во Иран, но тврдеше дека тие биле користени „за управување со воена инфраструктура“.

Истиот ден, израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид се залагаше за посилни чекори, велејќи во објава X: „Израел треба да ги уништи сите ирански нафтени полиња и енергетска индустрија на островот Харг; тоа е она што ќе ја уништи иранската економија и ќе го собори режимот“.

Извор: ТРТ Ворлд

Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство