| Macedonian
Кина ги поврзува американските обвинувања за кражба на ВИ со „технолошка принуда“
Пекинг ги отфрла тврдењата на Вашингтон за кампањи на индустриско ниво
Кина ги поврзува американските обвинувања за кражба на ВИ со „технолошка принуда“
Кина ги поврзува американските обвинувања за кражба на вештачка интелигенција со „технолошка принуда“ / AA

Кина денес ги поврза американските обвинувања за кражба на технологии поврзани со вештачка интелигенција (ВИ) со, како што ги нарече, обиди за „технолошка принуда“, обвинувајќи го Вашингтон дека води кампања на „дискредитација и клевета“ против втората најголема економија во светот.

„Тврдењата на САД се неосновани и претставуваат клеветничка кампања насочена кон постигнувањата на Кина во развојот на нејзината индустрија за вештачка интелигенција“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, пред новинарите во Пекинг.

Гуо ги повика САД „да ги почитуваат фактите, да се откажат од предрасудите, да престанат со технолошкото ограничување на Кина и да направат повеќе за унапредување на технолошката размена и соработка меѓу двете земји“.

Овие изјави следуваат откако Белата куќа ја обвини Кина дека е „главен предводник меѓу група држави“ кои настојуваат да присвојат американски технологии за вештачка интелигенција, на, како што се наведува, „индустриско ниво“.

„Американската влада располага со информации дека странски субјекти, пред сѐ со седиште во Кина, спроведуваат намерни, организирани кампањи на индустриско ниво за извлекување и реплицирање на напредни системи за вештачка интелигенција“, се наведува во меморандум на директорот на Канцеларијата за наука и технолошка политика при Белата куќа, Мајкл Крациос, доставен до федералните агенции.

Повеќе
САД со сè помалку воени залихи: Колку е сериозен проблемот?
ЕУ поделена околу суспендирањето на договорот со Израел: кој е на која страна?
Зошто Израел е сè уште надвор од преговарачката маса во преговорите со Иран?
Доктори од „8 Септември“ и Клиниката за дерматологија меѓу уапсените за шверц на ботокс
Фидан: Забелешките на Урсула фон дер Лајен за Туркије се „несреќни“
Двајца Срби обвинети за убиство на полицаец во косовското село Бањска осудени на доживотен затвор
Како Туркије изгради самостојност за керозин за да избегне глобална криза во време на војна
Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи ќе патува во Исламабад, Мускат и Москва
Турскиoт Бајкар ги претстави домашните беспилотни летала со ВИ од следната генерација
Мелони: Тензиите меѓу САД и Шпанија околу НАТО не се „позитивни“
Еден загинат и тројца тешко повредени градежни работници во Скопје
Сирија објави апсење на клучен офицер од времето на Асад во озлогласениот масакр во Тадамон од 2013
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември
Макрон: Европа ќе остане врста во поддршката за Украина
Русија вели дека спречила наводен заговор насочен кон претставници на медиумскиот надзорник