Израел од почетокот на војната во октомври 2023 во Појасот Газа убил повеќе од 21.500 палестински деца и цел на напади биле 1.244 од вкупно 1.275 џамии, соопшти Владината канцеларија за медиуми во енклавата.
Канцеларијата соопшти дека израелската Армија систематски целела цивили, домови и верски објекти за време на, како што се наведува, израелскиот геноцид во Газа.
Се наведува дека 1.077 од џамиите се целосно уништени.
Канцеларијата го осуди континуираното целење на цивили, деца и верски објекти и ги повика посредниците да извршат притисок врз Израел да ги прекине прекршувањата на прекинот на огнот и целосно да се придржува до договорот.
Соопштението беше објавено во услови на обновени израелски закани за ескалација на нападите врз Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во неделата се заканија дека ќе ги засилат атентатите и ќе ги евакуираат станбените населби поради пуштени змејови што од Газа стигнуваат до израелските подрачја.
Предупредувањето следуваше и покрај тоа што израелската Армија во саботата соопшти дека четирите змејови пронајдени во близина на Газа не содржеле никакви сомнителни материјали и не претставувале опасност за јавноста.
Израелската Армија убила повеќе од 73.000 Палестинци и повредила над 174.000 во својата брутална офанзива од октомври 2023 година.






















