Човекот кој готвеше тавче гравче за принцот Чарлс и јагнешко за емирот од Катар
РЕГИОН
2 мин читање
Човекот кој готвеше тавче гравче за принцот Чарлс и јагнешко за емирот од КатарМакедонската кујна е примамлива за сите љубители на добрата храна. Странците се воодушевени од квалитетот на намирниците кои ги имаме, вели шеф Љупчо Гиевски кој приготвувал храна и за 2 000 луѓе.
Ljupco Gievski / TRT Balkan MK

Љупчо Гиевски готвел разни специјалитети за светската елита. Принцот Чарлс јадел македонско тавче гравче подготвено од шеф Љупчо, а емирот од Катар не можел да му одолее на јагнешкото. 42 години кујната е негово секојдневие, а 28 години Љупчо бил шеф на кујна. Во разговор со екипата на ТРТ Балкан тој раскажува за најзначајните и најинтересните моменти од неговата кариера, подготвувајќи еден од своите специјалитети, лосос во сос од портокал и лимон.

„Почнав од Панорама, Фершпед, Александар Палас. Многу други натпревари, многу други претставувања на македонската кујна надвор од Македонија”, вели Љупчо.

Се присети кое било првото јадење кое го подготвил за поголема група на луѓе и ни раскажа кои се јадењата во кои тој ужива.

„Кога бев млад највеќе се трошеше селско месо. Најмногу во последно време сакам готвени јадења. На пример коленица ми е омилено јадење, ребро. Домашните, сарма, полнети пиперки, турли тава”, раскажува Љупчо.

Светската елита има свои фаворити од македонската кујна. Фудбалерите на Реал Мадрид биле исто така меѓу оние за кои Љупчо имал можност да приготвува храна.

„Спортските екипи си доаѓаат со нивно мени. Храна, специфична за спортисти. Но после натпреварот секогаш сакаат да пробаат македонска храна. Сакаат мусака, сакаат гравче, сакаат кебапи, сакаат македонско нешто. Емирот од Катар беше воодушевен од јагнешкото што можеше да го јаде. По неколку пати дневно јадеше. Принц Чарлс јадеше тавче гравче. Сме биле и во Дубаи. Сме го служеле шеикот две недели”, раскажува Љупчо.

Шефот на кујна вели дека странците се презадоволни од македонската кујна.

„Презадоволни се и од кујната и од квалитетот и од намирниците што ги поседуваме. Растурена сарма, турлитава, селски меса. Секаде каде што ќе отидеме македонскатa кујна е интересна, ориентална и секој сака да ја проба. Ако некоја земја има 100 гости ние имаме 500 или 600 луѓе. За саат време се се троши. Се што ќе поставиме на маса, вели Љупчо.

Коктел со 2 000 луѓе и Ромски бал со 1480 гости биле најгоемите прослави за кои тој заедно со помошниците приготвувал храна.

Љупчо во 2012 во селото Сарчиево во близина на Штип со соработниците свари над пет тони грав и постави нов Гинисов рекорд. Осум години е меѓународен судија, а преку Гастромак едуцира и подготвува млади готвачи за натпревари.  

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн