| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Израелската војска уби десет Палестинци во Газа и Кан Јунис
Денеска Израел започна интензивно бомбардирање на населбата Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа.
Израелската војска уби десет Палестинци во Газа и Кан Јунис
Israel Palestinians Gaza / AP

Најмалку 10 Палестинци беа убиени во новите израелски напади што го погодија северниот и јужниот дел на Појасот Газа рано утрово, објавија локалните медиуми.

Државната новинска агенција ВАФА објави дека седум лица се убиени, а неколку други се повредени кога израелски воени авиони бомбардираа куќа во Кан Јунис, во јужна Газа.

Тројца цивили беа убиени во израелски напад врз шатор во кој се сместени раселени лица во градот Газа.

Сведоци изјавија дека израелската армија извршила интензивно бомбардирање на населбата Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа рано утрово, уништувајќи неколку станбени згради.

Експлозии се слушнале низ целиот град, рекоа сведоци.

Според извештаите на медиумите, израелската артилерија и воени авиони ги насочиле мападите кон јужните и источните области на градот Газа.

Израелските напади дојдоа неколку дена откако израелскиот Кабинет за безбедност го одобри планот на Нетанјаху за целосно окупирање на градот Газа, предизвикувајќи остра меѓународна осуда од владите и групите за човекови права.

Израел се соочува со растечка осуда за својата геноцидна војна во Газа, во која од октомври 2023 година уби повеќе од 61.400 луѓе.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење минатиот ноември за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за својата војна во енклавата.

Повеќе
Француските пожарникари започнаа голем штрајк поради недостиг на кадар и ресурси
Свлечиште од земја уби најмалку 5 лица во нелегален рудник за злато во Индонезија
Јужнокорејскиот претседател повикува на „паметна“ војска поради ниската стапка на наталитет
Двајца загинаа при пад на американски хеликоптер „Апачи“ во Тексас
Бројот на жртви од земјотресот во Колумбија се искачи на 265
Иран: Ормускиот теснец нема да биде отворен додека не бидат прифатени нашите услови
Ердоган: Поддршката за Палестина е заедничка одговорност на целото човештво
Австралиски истражувачи одгледуваат ткиво од човечки срцев залисток од матични клетки
Сирија протестираше до ОН поради признавањето на израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина
Уште 13 хотели за баратели на азил затворени низ Велика Британија, соопшти Министерството за внатрешни работи
Израел урна 26 палестински објекти за да отвори пат за нелегални населби во Џенин
Дронски напад врз централа во Либија предизвика пожар
Над 150 цивили загинале во американските напади врз Јемен минатата година
Бројот на загинати во силниот земјотрес во Колумбија се искачи на 169
Фидан се сретна со либискиот премиер во Триполи
Сопругата на израелскиот премиер обвинета за малтретирање на персоналот во домаќинството
ОН открива шема на напади, тортура и сексуално насилство од страна на војската на Мјанмар
Романија може да исклучи нуклеарен реактор поради ниското ниво на Дунав
Итна вежба на германски брз воз открива потенцијално смртоносни неуспеси при спасување
Виетнам започнува со изградба на својот најголем и најнапреден воен брод произведен во земјата