| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Арапскиот самит во Каиро го усвои египетскиот план за реконструкција на Газа како сеопфатна арапска
Во заедничката изјава на крајот на самитот се наведува дека планот е усвоен како сеопфатен арапски план и го потврди отфрлањето на раселувањето на Палестинците од нивната земја под кој било изговор или околност
00:00
Арапскиот самит во Каиро го усвои египетскиот план за реконструкција на Газа како сеопфатна арапска
Во заедничката изјава од самитот во Каиро се предлага распоредување на меѓународни мировни сили во Газа и на Западниот Брег / REUTERS
4 март 2025

Египетскиот план за обнова на Појасот Газа беше усвоен денеска на вонредниот арапски самит во Каиро.

Во заедничката изјава на крајот на самитот се наведува дека планот предложен од Египет во целосна координација со Палестина и арапските земји, врз основа на анализите спроведени од Светската банка и Фондот за развој на Обединетите нации во врска со рано обновување и обнова на Газа, е усвоен како сеопфатен арапски план.

Самитот го потврди отфрлањето на раселувањето на Палестинците од нивната земја под кој било изговор или околност.

Арапскиот самит дополнително нагласи дека назначил правен комитет за проучување на класификацијата на раселувањето на Палестинците како дел од злосторството геноцид.

Се осудува неодамнешната одлука на Израел да го спречи влегувањето на хуманитарната помош во Газа и да ги затвори премините што се користат за испорака на помош, потврдувајќи дека овие мерки претставуваат кршење на договорот за прекин на огнот, меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Исто така, се истакнува отфрлањето на израелската употреба на опсада и изгладување на цивили како средство за постигнување политички цели.

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит рече дека во заедничката изјава од самитот во Каиро се предлага распоредување на меѓународни мировни сили во Газа и на Западниот Брег.

„Заедничката изјава на арапскиот самит во Каиро предупреди дека секој обид за раселување на Палестинците и анексија на нивната земја ќе го дестабилизира регионот“, рече тој.

На самитот беше истакнат и итниот приоритет на спроведувањето на втората и третата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа.

Шефот на Арапската лига понатаму рече дека специјален комитет е задолжен за континуиран ангажман со светските метрополи за да го претстави арапскиот план за обнова на Газа и чека меѓународен одговор.

Арапскиот самит, во заедничка изјава, исто така, ги осуди израелските напади и упади во Сирија и ги повика меѓународните актери да преземат итни мерки за да го принудат Израел да се повлече.


Повеќе
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран
Шрапнели од соборен дрон усмртија едно лице во ОАЕ
Tуркије го осуди израелскиот закон за смртна казна насочен кон Палестинците како незаконски