Авион на Ер Србија евакуираше од Израел граѓани од Србија, БиХ, Македонија, Хрватска и Црна Гора
Специјалниот лет донесе 67 лица кои беа евакуирани од Израел во српската престолнина во неколку чекори, а прво беше организиран копнен премин до египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетското одморалиште Шарм ел Шеик
Државјани на Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград синоќа, околу 2 часот наутро, со специјален лет на Ер Србија од Шарм ел Шеик.
Евакуацијата по воздушен пат на граѓаните кои поради различни причини се нашле во Израел кога започна американско-израелската воена операција во Иран, беше организиранa од Министерството за надворешни работи и Владата на Србија.
Специјалниот лет донесе 67 лица кои беа евакуирани од Израел во српската престолнина во неколку чекори, а прво беше организиран копнен премин до египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетското одморалиште.
Специјалниот лет полета од Белград во вторник околу 17 часот, а пристигна во Шарм ел Шеик околу 21 часот по локално време, односно околу 20 часот по српско време.
По качувањето на евакуираните од Израел, авионот веднаш се упати назад кон Белград.
На специјалниот лет, заради поефикасна евакуација, присутен бил и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ, кој директно ги координира активностите.
Според последниот извештај на македонското Министерство за надворешни работи, од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток досега, вкупно 473 македонски државјани побарале евакуација.