| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Целта на новите поморски сили е заедничка обука и подготовка, но тие би можеле веднаш да се борат доколку е потребно, со реални способности, реални воени планови и реална интеграција, изјави командантот на Кралската морнарица, Сер Гвин Џенкинс
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Заедничките експедициски сили во кои членки се Британија, Холандија, сите пет нордиски и три балтички држави ќе дејствуваат како дополнување на НАТО / Reuters

Велика Британија се согласи да учествува во формирањето на обединети поморски сили со девет европски земји, со цел да се одвратат идните руски закани од „границите на отворено море“ на север, изјави командантот на Кралската морнарица, генерал Сер Гвин Џенкинс.

Џенкинс рече дека, и покрај тековната криза на Блискиот Исток, каде што Ормускиот теснец е сè уште затворен по војната меѓу САД и Израел во Иран, „Русија останува најсериозната закана“ за британската безбедност, објавува Гардијан.

Според него, десет земји-членки на Заедничките експедициски сили (JEёф) минатата недела потпишале изјава за намера за создавање „мултинационална поморска сила“ што ќе дејствува како „дополнување на НАТО“.

Тој сојуз нема да ги вклучува Соединетите Американски Држави, чиј претседател Доналд Трамп постојано ја критикуваше Велика Британија за тоа што не го поддржува активно бомбардирањето на Иран.

JEФ ги вклучува Холандија, сите пет нордиски и три балтички држави, а Велика Британија е нејзин најголем воен член, додека Канада исто така размислува да се придружи.

„Руските упади во нашите води се зголемија за речиси една третина во последните две години“, рече командантот на британската морнарица, додавајќи дека верува оти Велика Британија има „отворена поморска граница со Русија на север“.

Тој рече дека целта на новите поморски сили, кои би биле командувани по потреба од британскиот воен штаб во Нортвуд, северозападно од Лондон, е заедничка обука и подготовка, но дека тие исто така би можеле „веднаш да се борат доколку е потребно, со реални способности, реални воени планови и реална интеграција“.

Повеќе
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици
Силјановска Давкова- Пармелан: Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори
Израел постави рок од две недели за постигнување договор со Либан
„Нема повеќе Господин фино момче“: Трамп со пушка во нова закана кон Иран
Народен правобранител: Евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца за пет години
Туркије потпиша договор со Фондацијата нула отпад за намалување на емисиите од транспорт