| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
„Граѓаните, меѓународната заедница и ние во Владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет.“
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни / AA
пред 2 часа

Премиерот на Република Сеерна Македонија Христијан Мицкоски порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година.

Мицкоски во интервју за Ора24.тв. на прашањето дали ќе има предвремени избори, нешто што опозицијата го споменува во повеќе наврати, нагласи дека приоритет на Владата се реформите и нивно испорачување за граѓаните.  

„Граѓаните, меѓународната заедница и ние во Владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет. Фројд кога работи во опозицијата е повеќе од страв и сега тие тоа повеќе го артикулураат од страв дека знаат каков дебакл ќе доживаат и на следните парламентарни избори, дека ќе изгубат и сметам дека на следните избори ќе имаат и полош резултат од тој што го имаа во 2024 година, кој што беше историски најнизок резултат, кој што потоа го потврдија на локалните избори. Оваа година, нашиот фокус е во консолидирање и економски раст на државата. Иако имаме многу предизвици, зборувавме на почетокот, ние сме само тука фокусирани и концентрирани и се фокусираме на редовни парламентарни избори што ќе се случат во 2028 година“, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека ќе сторат се што е нивна моќ за да ја одржат кохезијата во рамки на Владата, нагласувајќи дека имаат мнозинство, дека Владата е стабилна и имаат 61 пратеник во парламентот.

Реконструкција на Владата најави за мај-јуни, нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на партиската структура и доекипирањето, кое треба да се направи и кое очекува да заврши до крајот на април.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран