| Macedonian
Цените на суровата нафта Брент остануваат над 100 долари за барел
Барел од суровата референтната глобална нафта од типот Брент се тргуваше по 103,19 долари во Лондон попладнево, што е за 1,90 долари или речиси два проценти повеќе од затворањето во петокот
Цените на суровата нафта Брент остануваат над 100 долари за барел
Aналитичарите велат дека пазарот ќе го следи самитот САД-Кина во среда, кога Трамп ќе разговара за Иран со својот кинески колега Џинпинг / Reuters

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната неприфатлив, предизвикувајќи загриженост за снабдувањето бидејќи Ормускиот теснец останува во голема мера блокиран.

Барел од суровата референтната глобална нафта од типот Брент се тргуваше по 103,19 долари во Лондон попладнево, што е за 1,90 долари или речиси два проценти повеќе од затворањето во петокот. Барел од американската референтна нафта Западен Тексас Интермедијат (ВТИ) се тргуваше по 96,98 долари во САД, што е за 1,56 долари или 1,6 проценти повеќе.

Брентот накратко достигна 105,99 долари за барел, а ВТИ 100,37 долари за барел утрово пред да се корегира пониско. Тргувањето од минатата недела се затвори со пад од шест проценти под влијание на надежите за крај на конфликтот и отворање на Ормускиот теснец за транзит на нафта.

„Тргувањето на пазарот на нафта продолжува да работи претежно како еден вид машина што ги обработува главните геополитички вести, при што цените брзо се менуваат врз основа на секој коментар, отфрлање или предупредување од Вашингтон и Техеран“, изјави вишиот пазарен аналитичар во компанијата Филип Нова, Пријанка Сачдева.

За понатамошни насоки, пазарот ќе го следи самитот САД-Кина оваа недела, на кој сега се префрла фокусот. Трамп треба да пристигне во Пекинг во среда, а според американските претставници, се очекува тој да разговара за Иран со својот кинески колега Кси Џинпинг, меѓу другото.

„И покрај смирувачките најави дека комуникацијата постои и дека преговарачките страни разговараат, наше мислење е дека САД и Иран се далеку од договор како кога започна ова наводно примирје. Не гледаме дека нешто ќе се промени пред Трамп да ја посети Кина и да побара помош од Пекинг за притисок врз Иран“, изјави аналитичарот на ПВМ Оил Асошиејтс, Џон Еванс.

Повеќе
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина
Халкбанк со нова докапитализација од 40 милиони евра, силен сигнал за раст и стабилност
Во Тетово се одржа церемонија на дипломирање во училиштето на турската фондација „Маариф“
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
Нападнат и запален центар за заразени од ебола во ДР Конго
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан