Караман, заштитена раса, македонска гордост и жив симбол
РЕГИОН
3 мин читање
Караман, заштитена раса, македонска гордост и жив симболВпишувањето на караманот како раса беше повод да поразговараме со Илија Каров кој од 2017 година е претседател на кинолошкото друштво „Македонско овчарско куче Караман. Вардар е еден од неговите главни миленици.
Karaman / TRT Balkan MK
28 март 2026

Светската федерација на кинолошки сојузи неодамна условно го призна македонското овчарско куче Караман како раса. Се работи за автохтона раса за која се уште расте интересот. Територијална, но и заштитнички настроена кон се она што го чувствува како послабо. 

Според критериумите на Светската кинолошка федерација позната како FCI расите прво се условно признаени и се остава период од седум до десет години во кој се следи нејзиниот развој и опстанок.

Впишувањето на караманот како раса беше повод да поразговараме со Илија Каров кој од 2017 година е претседател на кинолошкото друштво „Македонско овчарско куче Караман. Вардар е еден од неговите главни миленици.

„Караманот е жив симбол на Македонија, жива историја и жив споменик”, вели Илија.

Тој ги објаснува главните карактеристики на караманот.

„Караманот има увиен опаш како што можете да го видите на Вардар. Нема срп опаш за разлика од неговиот брат шарпланинецот. Нема мачји шепи, има лажичкасти шепи. Го има петтиот прст и нешто што е многу карактеристично ја имаа онаа класична грбна линија што можеме тука да ја забележиме. Таа касична грбна линија значи дека задниот трап е нешто повисок за некој сантиметар од гребенот”, истакнува Каров.

Начинот на движење на планина е уште една разлика која го карактеризира ова куче.

„Голем број од расните кучиња можат да трчаат одредено време на стрмнината на планината, но караманот може да го прави тоа многу долго време, но она што е уште поважно за оваа типична градба, караманот може вешто без да се лизне да кочи на планината. Караманот е куче коешто е презервирано во неговата оригинална форма како што е затекната од планината” објаснува Каров.

Одгледувањето и размножувањето на оваа раса се води по строги критериуми. Процесот да се ревитализира и презервира расата започнува уште во 1998 година од група ентузијасти предводени од Влатко и Марјан Костовски.

„Караманот е куче коешто е презервирано во неговата оригинална форма како што е затекната од планината. На караманот не е ништо корегирано или створено по пат на усмерувачко одгледување од страна на одгледувачите и сопствениците на караманот. Едноставно ова е природна раса онаква каква што ја создала планината затоа што караманот е настанат по природен пат, селектирајќи се на македонските планини” објаснува Каров.

Бигорскиот манастир и приказната за Каљош

Караманот е најзастапен во западните делови од државата. Денес во Бигорскиот манастир е сместена најголемата одгледувачница на карамани. Со благослов на епископот Партениј и под водство на отецот Порфириј. Семејството на Сербај и Рамазан Бело таму го донирале Каљош, еден од најрепрезентативните примероци за кој е врзана интересна приказна.

„Шетајќи се по планината и прибирајќи се со стадото назад татко им увидел дека фалат едно или две јагниња не се вратиле дома. Сербај се упатил кон планината, бил придружуван од Каљош да ги побара јагнињата. Кога пристигнале до сртот на планината наеднаш на 50 до 70 метри од нив се појавила огромна мечка. Застанал, застанал и Каљош до него. Мечката се исправила на две нозе и тој рекол Каљо што ќе правиме сега?  Чекор по чекор измерено тргнал напред движејќи се кон мечката. Мечката стоела исправена. Како Каљош се движел напред така мечката почнала полека да се повлекува назад. Ја осетила одлучноста на Каљош, видела дека станува збор за животно кое нема да се повлече , се спуштила пак на четири нозе, се завртела и заминала” ја раскажува оваа приказна Каров.




Повеќе
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95