Мицкоски: Нема недостиг, имаме убедливо најефтино гориво, утре средба со сопствениците на маркетите

Очекуваме ланците супермаркети да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов, изјави прмиерот

By
Комисијата за заштита на конкуренцијата и ДПИ ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо, изјави премиерот / Others

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе се сретне со сопственици на синџири маркети, додавајќи дека Македонија се уште има најевтини горива во регинот, одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени во однос за стабилизација цените на нафтените деривати.

„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини и тамошните бензински пумпи се создава притисок бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво. И затоа се случува да на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво. Но тоа брзо се надоместува“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и оти нема прекини во снабдувањето.

„Но ако кај нас после нивелирањето на цената вчера од страна на Регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар е 1,39 евро центи. Да речеме, во соседна Албанија е 1,79, евро центи литар, односно 30% поскапо е и логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е да речеме 1,73 евро центи, што отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово варира цената, но достигнува до 1,52–1,53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција 1,59 евро центи, односно Косово е од прилика околу 10%, а во Грција 15%. Во Бугарија 1,41. Така што во регионот во моментов граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани“, рече Мицкоски.

Тој уверува дека по разговите со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати во моментот нема опасности од каков било недостаток.

„Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби условно кажано е добра вест е што утринава од она што можев да го видам и брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долара за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-на долари за барел. Ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните така и ќе реагираме“, рече премиерот.

Тој најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите.

„Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо. Врз основа на нивното однесување така и Владата ќе се однесува. Така што очекуваме и тие да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, објасни тој.