Во март годинава во земјата се евидентирани 73.921 туристи, кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.
Од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26,5 % се од домашните, а 73,5 % од странските туристи.
ПРЕПОРАЧАНО
Во периодот јануари - март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските за 6,9 %.
Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0,3 %. Кај домашните туристи има пад за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %.
ИЗВОР:TRT Balkan / агенции














