Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран

Погодени се повеќе локации во областа Азимије во близина на градот Караџ, вклучително и мостот „Б1“, кој се опишува како највисок мост на Блискиот Исток

By
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран / AA

Во американско-израелски напад денес е погоден клучен мост на главниот автопат на северот на Иран, во најновата ескалација на воените судири во регионот,

Според новинската агенција „Фарс“, погодени се повеќе локации во областа Азимије во близина на градот Караџ, вклучително и мостот „Б1“, кој се опишува како највисок мост на Блискиот Исток.

Во нападот е оштетен мостот, кој е дел од голем инфраструктурен проект и се очекуваше наскоро да биде свечено пуштен во употреб, а повредени се неколку лица, по што на местото на настанот се испратени спасувачки екипи.

Пријавени се и прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области, при што регионалните власти работат на обновување на услугата.

Тензиите во регионот ескалираа откако Израел и САД започнаа заедничка офанзива врз Иран на 28 февруари, во која се убиени над 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напад со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и уништување на инфраструктурата, истовремено и нарушување на глобалните пазари и авиосообраќајот.