| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници
„Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше ЕУ“
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници / AA

Министерството за транспорт на Република Северна Македонија инфофмира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение. 

„Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи“, велат од министерството.

Потенцираат дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем. 

„Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни“, информираат од Министерството за транспорт и апелираат:

„Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение.“

Транспортните превозници во земјата и регионот на 26 јануари излегоа на протест поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија.

Превозниците бараа решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

Третиот ден од протестите, македонскиот министер за транспорт Александар Николоски, на 29 јануари соопшти дека Брисел ги прифатил барањата и ставовите на превозниците, по нивниот неколкудневен протест.

Николоски преку објава на социјалните мрежи извести за одлуката на Брисел, изразувајќи благодарност до сите што помогнале за решавање на проблемот на превозниците.

„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. По протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи што ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“, истакна тогаш Николоски во објавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина