Гутереш: ОН остро го осудува убиството на мировникот во Либан

УНИФИЛ соопшти дека еден мировник бил „трагично“ убиен во неделата кога проектил експлодирал врз нивна позиција во близина на селото Адхит ал-Кусејр во јужен Либан

By
Гутереш: ОН остро го осудува убиството на мировникот во Либан / AA

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, остро го осуди убиството на индонезиски мировник од Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) за време на непријателствата доцна во неделата меѓу Израел и Хезболах.

„Ова е само еден од низата неодамнешни инциденти што ја загрозија безбедноста и сигурноста на мировниците“, рече Гутереш.

Ген-секот на ОН ги повика сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право и да ја обезбедат безбедноста на персоналот и имотот на ОН.

Претходно, УНИФИЛ соопшти дека еден мировник бил „трагично“ убиен во неделата кога проектил експлодирал врз нивна позиција во близина на селото Адхит ал-Кусејр во јужен Либан. Друг е критично повреден.

УНИФИЛ соопшти дека не го знае потеклото на проектилот.

„Почнавме истрага за да ги утврдиме сите околности“, се вели во соопштението.

Израел го нападна Либан со воздушни напади и започна копнена офанзива во јужен Либан по прекуграничниот напад на групата Хезболах на 2 март.

Регионот е во состојба на готовност откако САД и Израел започнаа воздушна офанзива врз Иран на 28 февруари, во која досега загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, заедно со Јордан, Ирак и земјите од Заливот кои се домаќини на американски воени средства, предизвикувајќи жртви и штети на инфраструктурата, а воедно и нарушување на глобалните пазари и авијацијата.