Околу 59.000 домаќинства на западот на Франција останале без електрична енергија во неделата напладне, по бурите Остин и Боело, јавува телевизијата БФМТВ.
Во соопштението на компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Енедис“ се наведува дека меѓу оние кои сè уште се без струја има 27.500 корисници во Бретања и 14.700 во Нормандија.
ПРЕПОРАЧАНО
Од компанијата соопштија дека се мобилизирани екипи кои работат на отстранување на дефектите.
На врвот на невремето, околу 288.600 домаќинства останале без електрична енергија, соопшти дистрибутерот.
ИЗВОР:َAA



















