| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Сали-Миљаниќ: Напредокот на Црна Гора во ЕУ е охрабрувачки сигнал за регионот
Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија
Сали-Миљаниќ: Напредокот на Црна Гора во ЕУ е охрабрувачки сигнал за регионот
Сали-Миљаниќ: Напредокот на Црна Гора во ЕУ е охрабрувачки сигнал за регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали се сретна со Зоран Миљаниќ амбасадорот на Црна Гора. Тие разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди македонската поддршка за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување.

На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови.

Министерот ги претстави и приоритетите на Северна Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите.

Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.

Повеќе
Куртулмуш-Гаши: Односите Туркије-Северна Македонија се на одлично ниво
Зеленски ќе ги обнови енергетските напади врз Русија, смета дека е „предаден“
Мерц: Европските лидери остануваат поделени околу ставовите за следниот буџет на ЕУ
Шведскиот парламент гласаше против назначувањето на Магдалена Андерсон за премиерка
Маск го повика Зеленски да си замине од функцијата бидејќи ја доведува во прашање поддршката од САД
Зеленски: Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии
Јемен: Неутрализирани 1.250 борци на Хутите
Димитриев: Договорот за дизел со САД отвора многу други можности за соработка
Хрватска бара од Црна Гора да ги реши отворените прашања пред да пристапи во ЕУ
Русија и Пакистан разговараат за зајакнување на безбедносната соработка
Германија ја повика Русија да ги запре нападите во Црното Море
Италијанскиот генерал Роберто Вергори ја презеде командата на КФОР на Косово
ЕУ отвори два нови преговарачки кластери со Украина на патот кон членството во унијата
Трамп и Нетанјаху разговараат за нови напади врз Иран пред изборите во САД и Израел
Ердоган во телефонски разговор со Салман ги осуди нападите на Хутите
Трамп вели дека Хутите се однесуваат „многу лошо“
Хрватски „Рафал“ пресретна патнички авион од Малта поради можно киднапирање
Фон дер Лајен: ЕК ќе побара построги мерки за злоупотреба на миграцијата
Хутите се заканија дека ќе возвратат со напади врз Сауди Арамко и аеродроми
Мерц го повика Иран да престане со дестабилизацијата на регионот