| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена пред една недела, па сега изнесува 92 денари за литар.
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Бензините поевтинуваат за два денари по литар, па Еуросупер БС-95 ќе чини 84 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари / Reuters (Wire)

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.11.2026 година.

Според РКЕ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена пред една недела, па сега изнесува 92 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3 денари за литар, па сега изнесува 100,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,998 денари за килограм, во однос на минатонеделната малопродажна цена, па сега ќе се продава за 48,314 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека причина за новото поевтинување е падот на цените на светските пазари. Во однос на претходната пресметка, референтните цени на бензините се намалиле за речиси 7,5%, а на дизелот за нешто повеќе од 4%.

Во пресметката се задржани и владините мерки за намалување на акцизите за еден денар кај бензините и четири денари кај дизелот, како и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот.

Повеќе
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот