| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Трамп: Му давам на Хамас три до четири дена да одговори на планот за Газа
Нема многу простор за преговори за предлогот, ќе работиме околу три или четири дена, ќе видиме како ќе оди, сите арапски земји потпишаа, сите муслимански земји потпишаа, Израел потпиша, рече Трамп
Трамп: Му давам на Хамас три до четири дена да одговори на планот за Газа
Трамп рече дека ако Хамас не се согласи со договорот, тоа ќе биде „многу тажен крај“ / AP

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека му дава на Хамас „три до четири дена“ да одговори на мировниот план за Газа што го презентираше претходниот ден заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Нема многу простор за преговори за предлогот. Ќе работиме околу три или четири дена. Ќе видиме како ќе оди. Сите арапски земји потпишаа. Сите муслимански земји потпишаа. Израел потпиша“, рече Трамп додека ја напушташе Белата куќа пред состанокот со високи воени претставници во воената база Квантико во Вирџинија.

Трамп рече дека ако Хамас не се согласи со договорот, тоа ќе биде „многу тажен крај“.

„Само го чекаме Хамас, а Хамас или ќе го стори тоа или нема, а ако не го стори, тоа ќе биде многу тажен крај“, рече американскиот лидер.

Палестинската група Хамас вети дека „одговорно“ ќе го проучува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, соопшти Катар во вторник.

„Хамас го доби планот на Трамп доцна синоќа и вети дека ќе го проучува одговорно“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед Ал Ансари, на брифинг за медиумите во Доха.

Тој рече дека ќе се одржат билатерални средби со преговарачкиот тим на Хамас и со учество на турски и египетски делегации.

Повеќе
Шефот на СЗО: Уште илјадници пациенти од Газа чекаат медицинска евакуација
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Девет Палестинци убиени во израелските напади во Газа во последните 24 часа
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Тројца Палестинци повредени во израелски артилериски напад врз Газа
Седум Палестинци повредени од израелски оган низ Газа и покрај примирјето
Демократскиот шок кој го истакна намаленото влијание на Израел врз гласачите во САД
Војна што никогаш не завршува: Палестинците го чекаат денот кога Израел ќе го почитува примирјето
Израелски министри бараат обновување на офанзивата во Газа и отфрлање на планот на Трамп за примирје
СЗО бара заштита на здравствените установи во Газа поради израелските напади
Окупиран Западен Брег: Тивкиот геноцид
Хамас: Нема разоружување пред израелското повлекување од Газа
Комитетот за администрација на Газа подготвен да управува со енклавата по напредокот во примирјето
Четворица Палестинци, меѓу кои и две деца убиени во израелските напади врз Газа
Делегација на Хамас замина во Египет на преговори за втората фаза од договорот за прекин на огнот
Израел уби уште тројца Палестинци во Газа, бројот на убеини се искачи на близу 73.350
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа