Пороен дожд ги зголеми проблемите на раселените Палестинци во Газа
Раселените семејства се соочуваат со значителни предизвици во изнаоѓањето засолниште и заштита во регионот, кадешто сѐ потешки стануваат зимските услови за живот.
Раселените палестински цивили, кои не можат да се вратат во своите домови поради контролата на израелската армија врз областите надвор од „зелената линија“, се борат со тешките услови за живот во центарот на Хан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа.
Цивилите соочени со студеното време и надојдените води кои ги поплавија нивните шатори по обилните дождови, вложуваат големи напори за да го спречат оштетувањето на алиштата и предметите.
Раселените семејства се соочуваат со значителни предизвици во изнаоѓањето засолниште и заштита во регионот, кадешто сѐ потешки стануваат зимските услови за живот.