| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска
Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а миленикот го носи чипот до крајот на животот.
АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска
АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска / AA

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња да ја исполнат законската обврска за идентификација на своите миленици со микрочип и нивна регистрација во модулот за домашни миленици во Информативниот систем на Агенцијата. По извршената регистрација се издава и пасош за домашен миленик.

Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а миленикот го носи чипот до крајот на животот.

Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето.

Сопствениците кои веќе ги имаат микрочипирано своите миленици се потсетуваат дека имаат законска обврска да пријават секоја промена на податоците за животното или за сопственикот во надлежното ветеринарно друштво, кое треба да ја ажурира електронската база на податоци.

Агенција за храна и ветеринарство посочува дека во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните.

Микрочипирањето на милениците, како што велат од АХВ, има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама