Европската комисија предложи нов заем до 45 милијарди евра за Украина во 2027 година за да помогне во покривањето на финансискиот јаз од околу 70 милијарди евра, додека продолжува војната со Русија.
Пакетот би обезбедил до 25 милијарди евра воена помош и 20 милијарди евра општа буџетска поддршка. Тој би се додал на преостанатите 45 милијарди евра за 2027 година во рамките на постојниот заем на ЕУ за поддршка на Украина од 90 милијарди евра.
„Европа ќе продолжи да обезбедува максимална поддршка за Украина и максимален притисок врз Русија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
ЕУ би ги собирала средствата на пазарите на капитал, а заемот би бил поддржан од буџетот на блокот. Украина би била обврзана да ја врати главнинаната само откако ќе добие репарации од Русија.
Воената помош би ѝ помогнала на Украина да ја одржи својата воздушна одбрана и да финансира беспилотни летала, системи против беспилотни летала, ракети и муниција, проценува комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус Кубилиус.
Буџетската поддршка би помогнала да се одржат основните јавни услуги во функција и би била условена од спроведувањето реформи за владеење на правото и борба против корупцијата од страна на Украина.
Комисијата изјави дека меѓународните партнери ќе треба да помогнат во покривањето на преостанатиот финансиски јаз. Предложи да се дозволи идните профити од имобилизираните руски суверени средства да помогнат во отплатата на подобните нови заеми откако ќе бидат отплатени претходните заеми поддржани од Г7. Исто така, предложи до 5 милијарди евра дополнително заем од ЕУ, поддржано со гаранции од земји со највисок рејтинг надвор од блокот.
Предлозите ќе бидат доставени до Европскиот парламент и до Советот на ЕУ на разгледување.






















