Резервоар со нафта на аеродромот во Кувајт погоден во напад со дрон

Властите веднаш започнаа итни процедури, а противпожарните екипи и надлежните служби беа мобилизирани за да го локализираат пожарот

By
Kuwait Iran War / AP

Напад со беспилотно летало погоди резервоар за гориво на меѓународниот аеродром во Кувајт, предизвикувајќи пожар на местото, соопшти денеска органот за цивилно воздухопловство на земјата.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, повикувајќи се на портпаролот Абдула ал-Раџи, на профилот на социјалните мрежи на американската компанија „Икс“ изјави дека првичните извештаи укажуваат дека штетата е ограничена на материјални загуби, без жртви.

Властите веднаш започнаа итни процедури, а противпожарните екипи и надлежните служби беа мобилизирани за да го локализираат пожарот.

Непријателствата ескалираа откако американските и израелските напади врз Иран започнаа на 28 февруари.

Иран одговори со повторени напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Заливот кои се домаќини на американски воени средства.