| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Осомничените се припадници на Израелските воздухопловни сили и работеле како техничари за авионите Ф-15 во воздухопловната база „Тел Ноф“, во близина на градот Ашдод
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран / AA

Двајца авиотехничари кои служат во израелската армија ќе бидат обвинети за шпионирање во корист на Иран, известија локалните медиуми денес.

Израелскиот јавен сервис КАН објави дека осомничените биле припадници на Израелските воздухопловни сили и работеле како техничари за авионите Ф-15 во воздухопловната база „Тел Ноф“, во близина на градот Ашдод.

Се наведува дека тие се товарат за „помагање на непријателот за време на војна“, при што еден од осомничените би можел да се соочи и со обвиненија за предавство. Дополнително, уште осум други војници во базата се под истрага поради сомневање дека не ги пријавиле наводните активности иако биле запознаени со нив.

Според известувањето на медиумот, од осомничените наводно било побарано да собираат информации за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и поранешниот началник на Генералштабот, Херци Халеви.

Тие, исто така, се товарат за обезбедување документи поврзани со шеми за мотори на израелски авиони, како и фотографија од инструктор по летање.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Молдавскиот олигарх Плахотниук осуден на 19 години затвор за банкарска измама од 1 милијарда долари
Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО