| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Шефот на БНД предупреди: Германија може да биде вовлечена во конфликт со Русија
„Германија е во опасност да биде вовлечена во насилен конфликт со Русија. Обидот за напад во Лајпциг е само еден пример за тоа“, рече Јегер, осврнувајќи се на обидот за напад со дрон врз украински товарен авион во август.
Шефот на БНД предупреди: Германија може да биде вовлечена во конфликт со Русија
Шефот на БНД предупреди: Германија може да биде вовлечена во конфликт со Русија

Германија е во опасност да биде вовлечена во конфликт со Русија, предупреди Мартин Јегер шефот на германската служба за надворешно разузнавање БНД, истакнувајќи дека Москва сега ја третира Германија како главен противник.

Јегер пред парламентарната комисија за разузнавање изјави дека конфронтацијата со Русија добила нова и поопасна димензија.

„Германија е во опасност да биде вовлечена во насилен конфликт со Русија. Обидот за напад во Лајпциг е само еден пример за тоа“, рече тој, осврнувајќи се на обидот за напад со дрон врз украински товарен авион во август.

„Ниедна друга земја во моментов не претставува толку директна, сеопфатна и конкретна закана за Германија. Ние не ја баравме оваа конфронтација. Русија ни ја наметнува и нè гледа како главен противник бидејќи одбиваме да ги прифатиме нејзините ревизионистички и експанзионистички политики, како и нејзината агресорска војна против Украина“, рече Јегер.

Неговите изјави се дадени еден ден откако канцеларот Фридрих Мерц го посети Киев и најави нови мерки за поддршка на Украина. Само неколку часа пред таа посета руското Министерство за надворешни работи ги повика странските дипломати и другите посетители да ја избегнуваат украинската престолнина, а особено воените објекти и владините згради. Нападите со дронови врз Киев продолжија и за време на посетата.

Јегер рече дека според процените на БНД, Германија станала главна пречка за „проекцијата на руската хегемонистичка моќ во Европа“, а со тоа и примарна цел за руските операции.

Тој ја обвини Москва дека ги засилува сè поагресивните тајни активности на своите служби во и против Германија.

„Русија води војна од сенка против нас. Оваа необјавена војна не може да се дефинира преку конвенционални воени или правни категории. Германија нема прогласено уставна состојба на одбрана, а сепак сме под напад“, рече Јегер, мислејќи на обидите за саботажа и другите хибридни напади.

Јегер изјави дека на разузнавачките служби им се потребни нови овластувања и дека владиниот нацрт-закон ќе ја зајакне БНД како прва линија на одбрана на Германија.

„Руските разузнавачки служби дејствуваат со висок степен на професионалност и безмилосност“, рече тој. „Заканата од напади врз цели во Германија останува реална и актуелна. Мора да се спротивставиме на тоа. Исто така, тоа бара суштинска промена во Федералната разузнавачка служба.“

Русија сè уште нема издадено соопштение како одговор на предупредувањата на шефот на БНД. Во минатото Москва ги отфрлаше како неосновани обвинувањата за хибридни напади во Европа, обвинувајќи ги западните влади дека ги користат таквите тврдења за да ги оправдаат повисоките воени трошоци и да ја одржат поддршката за Украина.


Повеќе
Помина првото гласање за измена на законот за Специјализираниот суд за Косово
АСЕЛСАН ќе развива хибриден систем за противвоздушна одбрана вреден 2.75 милијарди долари
Во Анталија, Туркије, започнува најголемиот светски годишен собир посветен на вселената
Избори во БиХ: Претседателството ќе го водат Беќировиќ, Филиповиќ и Цвијановиќ
21 земја ја усвоија Анталиската декларација за мирно користење на вселената
Јемен: Над 1.700 припадници на Хутите неутрализирани во воени операции
Еден Сириец убиен во израелски воен упад во јужна Сирија
Синот на Болсонаро води по првиот круг на претседателските избори во Бразил
Иран ќе ја ескалира војната ако САД изврши копнена инвазија
Вучиќ: Србија ќе продолжи со самостојна политика и патот кон Европа, без санкции кон Русија
Ердоган: Туркије спроведува целосна револуција во одбранбената индустрија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите на нафта за вонредни ситуации во следните 4 месеци
Можат ли Трамп и Кси да го претворат трговското примирје во траен економски мир?