Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена Звезда

Се договоривме за минута, размислував само што ќе биде во пакетот, а не дали ќе го прифатам, не можете да изберете еден трофеј, едно натпреварување, јас сум тука да одговорам на сите барања, имаме силен тим,

By
Станковиќ веќе беше тренер на „црвено-белите“ од 2019 до 2022 година, а по Звезда, ги тренираше Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва / Others

Српскиот фудбалски стручњак Дејан Станковиќ денес официјално беше назначен за нов тренер на Црвена Звезда.

Станковиќ го замени Владан Милојевиќ на клупата на Црвена Звезда, кој во неделата со заедничка согласност го раскина договорот со белградскиот клуб.

„Се договоривме за минута, размислував само што ќе биде во пакетот, а не дали ќе го прифатам. Не можете да изберете еден трофеј, едно натпреварување. Јас сум тука да одговорам на сите барања, имаме силен тим, малку се закашлавме, но тие момци почнаа да тренираат во јуни. Може да се случи во ноември-декември да се изгуби малку мотивација, но тоа ќе го промениме“, рече Станковиќ на прес-конференцијата.

Станковиќ (47) веќе беше тренер на „црвено-белите“ од јануари 2019 до август 2022 година. Потоа со Звезда освои три шампионски титули и два Купа на Србија. По Звезда, Станковиќ ги тренираше Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва.

„Помина долго време, имав разни искуства - некои тешки, некои убави, некои под голем притисок... Сигурен сум дека имам повеќе искуство. Ќе видиме што ќе донесам, што ќе каже теренот, како момците ќе ме прифатат мене и јас нив. Сигурен сум дека ќе биде во ред. Теренот ќе ни ги даде сите одговори, и за мене и за вас“, рече Станковиќ, кој се согласи да соработува со Звезда до јуни 2028 година.