| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Според договореното, САД ќе ги задржат реципрочните царини од 15 проценти за македонските производи со можност одредени категории производи да добијат нулта царинска стапка
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Министерoт за надворешни работи Тимчо Муцунски оцени дека договорот ќе овозможи поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании / TRT Balkan
13 февруари 2026

Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа согласност за рамка на нов Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, со кој се очекува значително продлабочување на економската соработка и подобрување на пристапот на компаниите од двете земји до меѓусебните пазари, стои во заедничката изјава објавена од Белата куќа.

Според заедничката изјава, договорот има за цел да ја зајакне билатералната трговска размена, да ги поддржи заедничките стратешки интереси и да придонесе кон економски раст, но и кон продлабочување на трансатлантското партнерство меѓу двете држави.

Еден од клучните елементи на договорената рамка е одлуката Северна Македонија да ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што ќе се извезуваат на македонскиот пазар. Од друга страна, САД ќе ги задржат реципрочните царини од 15 проценти за македонски производи, со можност одредени категории производи да добијат нулта царинска стапка.

Дополнителни измени на царинските режими ќе може да се разгледуваат по финализирањето на договорот, во зависност од трговските биланси и други економски фактори.

Во рамки на договорот, двете земји ќе работат и на надминување на нетарифните бариери кои влијаат врз трговијата, особено во приоритетни области, како и на спречување на ограничувања за американските земјоделски производи на македонскиот пазар преку редовни консултации.

Посебен акцент е ставен и на економската и националната безбедност, при што САД и Северна Македонија се обврзуваат на засилена соработка за зајакнување на синџирите на снабдување, поттикнување на иновациите и спречување на избегнување на царинските обврски. Воедно, договорена е и соработка во областа на контрола на инвестиции и извоз, како и усогласување со меѓународните стандарди.

Значајно место во договорената рамка има и енергетиката. Двете држави ја истакнуваат важноста на изградбата на новиот гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција, кој треба да придонесе за зголемена енергетска безбедност и диверзификација на енергетските извори. По завршувањето на проектот, Северна Македонија се очекува да започне со набавка на течен природен гас (LNG) од САД.

Договорот предвидува и обврски во областа на заштитата на животната средина, при што Северна Македонија се обврзува да одржува високи стандарди и доследно да ги спроведува еколошките закони. Дополнително, ќе се водат разговори за заштита на интелектуалната сопственост, вклучително и географските ознаки, како и за прашања поврзани со работничките права.

Во делот на дигиталната економија, Северна Македонија се обврзува да не воведе данок на дигитални услуги и да ја поддржи иницијативата во рамки на Светската трговска организација за трајна забрана на царини за електронски преноси. Двете земји ја нагласуваат и важноста од олеснување на трговијата со услуги и усогласување со меѓународните правила во оваа област.

САД и Северна Македонија најавија дека ќе продолжат со работа на финализирање на договорот, негово подготвување за потпишување и спроведување на неопходните домашни процедури, пред тој официјално да стапи во сила. Доколку биде реализиран во целост, договорот се очекува да отвори нова фаза во економските односи меѓу двете земји и да создаде нови можности за извоз, инвестиции и енергетска соработка.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, министерот Тимчо Муцунски оцени дека станува збор за значаен исчекор во економската соработка со стратегискиот партнер САД, кој ќе овозможи поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.

„Важен и значаен исчекор во економската соработка со Соединетите Американски Држави, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании. Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон“, изјави Муцунски.

Повеќе
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Средба на европските градоначалници во Скопје
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност