| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сојузот на синдикатите протестираше за зголeмување на платите и се закани со генерален штрајк
Ако до крајот на неделата не се изгласаат измените на Законот за плати ќе блокираме улици, институции и генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов
Сојузот на синдикатите протестираше за зголeмување на платите и се закани со генерален штрајк
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за сите други плати (Фото: ТРТ Балкан) / TRT Balkan

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје организираше протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за сите други плати.

Демонстрантите се собраа пред зградата на ССМ, од каде продолжија кон Собранието, Стопанската комора и Владата барајќи пратениците брзо да одобрат законски измени што би гарантирале подостоинствен живот за работниците.

„Денеска сме тука за нашите деца, за нашите ќерки и синови, за нашите внуци и правнуци. Денеска сме тука да се бориме мизерните плати да се зголемат затоа што Владата и газдите одбиваат да го сторат тоа и одбиваат да им помогнат на нашите семејства. Денеска работниците зборуваат. Политичарите имаа доволно време да го сторат тоа и не го направија. Од денеска ние зборуваме за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, рече претседател на ССМ, Слободан Трендафилов.

Во својот говор, Трендафилов најави продолжување на протестите доколку нивните барања не бидат исполнети.

„Бараме итно да се донесат измени на Законот за плати. Ако до крајот на неделата не се изгласаат измените ќе блокираме улици, институции и генерален штрајк. Ако не се случи тоа ќе собереме 10 илјади потписи и ќе станеме предлагач и ќе бараме намалување на функционерските плати за 80 отсто и зголемување на работничките плати за 100 евра и минималната на 600 евра“, рече Трендафилов.

„Масовната присутност на протестот го побива фактот дека само на малкумина им требало заголемување на платите. Масовноста покажува дека народот е со синдикатот“, ијави тој.

Тој порача дека синдикатот и граѓаните веќе нема да молчат туку ќе се борат за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард.

Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци