Шпанија: Цените на становите порасналe за повеќе од 40 проценти во последната деценија

Додека во вториот квартал од 2015 година просечната цена на метар квадратен достигнувала 1.476 евра по квадратен метар, во истиот период во 2025 година таа надминала 2.093 евра, што претставува зголемување од 616 евра

By
Балеарските Острови, заедно со Мадрид, се единствените региони каде што просечната цена надминува 3.000 евра по квадратен метар / AP

Просечните цени на становите во Шпанија пораснале за повеќе од 40 проценти во последните 10 години, надминувајќи 2.000 евра по квадратен метар, а најголемо зголемување е забележано на Балеарските Острови, каде што вредноста речиси се дуплирала, покажуваат податоците од Министерството за домување и урбана агенда.

Додека во вториот квартал од 2015 година просечната цена на домувањето едвај достигнало 1.476 евра по квадратен метар, во истиот период во 2025 година таа ќе надмине 2.093 евра, што претставува зголемување од 616 евра, објавува шпанскиот портал „20 минутос“.

Во текот на последната деценија, цените постојано растат, а помеѓу 2016 и 2018 година, цената по квадратен метар надминала 1.500 евра; помеѓу 2019 и 2021 година, таа била над 1.600 евра, а од 2022 година надминала 1.700 евра.

Според официјалната статистика, во 2024 година цената на становите се приближила до бројката од 1.900 евра, а оваа година, за прв пат од балонот на недвижностите во 2008 година, ја надмина границата од 2.000 евра, достигнувајќи 2.093 евра за квадратен метар, што е блиску до историскиот максимум помеѓу јануари и март 2008 година, кога просечната цена на становите беше 2.101 евра за квадратен метар.

Недостатокот на понуда во услови на растечка побарувачка продолжува да ги зголемува цените и да го отежнува пристапот до домување, особено за младите луѓе, кои сè уште заостануваат зад остатокот од Европа во однос на напуштањето на родителскиот дом.

Помеѓу април и јуни, цените на становите биле за 10,4 проценти повисоки отколку претходната година и за 41,7 проценти повисоки отколку во 2015 година. Оваа година, иако стапката на раст е умерена, кумулативниот пораст е 9,7 проценти.

Во извештајот се наведува дека автономната заедница на Балеарските Острови го предводи зголемувањето на цените, со зголемување од 82,4 проценти во последната деценија.

Додека во 2015 година просечната цена по квадратен метар беше 1.927 евра, денес таа надминува 3.518 евра, што е за речиси 1.600 евра повеќе.

Балеарските Острови, заедно со Мадрид, се единствените региони каде што просечната цена надминува 3.000 евра по квадратен метар.