| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Израел повторно го наруши суверенитетот на Сирија со упад во Кунејтра
Во последниот период се засилуваат израелските упади во Кунејтра, при што локалните жители се жалат на навлегување на израелските сили во нивната обработлива земја, уништување на стотици хектари шуми и приведувања на жители
Израел повторно го наруши суверенитетот на Сирија со упад во Кунејтра
Израел повторно го наруши суверенитетот на Сирија со упад во Кунејтра / AFP
18 ноември 2025

Израелските сили вчера извршија три упади во руралните делови на јужната сириска покраина Кунејтра, што претставува ново прекршување на суверенитетот на Сирија, јавија локални медиуми.

Државната Сириска арапска новинска агенција (САНА) објави дека израелските сили воспоставиле воена контролна точка на патот што ги поврзува градовите Самданија ал-Шаркија и Кан Арнабех, по влезот на израелските патролни возила од типот 4x4 во областа.

Силите подоцна се повлекле, додаде агенцијата.

Подоцна во текот на денот, САНА објави дека израелските единици напредувале и кон селото Ум Азам, во централниот дел на провинцијата Кунејтра.

Израелска патрола составена од три воени возила „хамви“ исто така се придвижила околу браната Ал-Мантра во селото Ал-Самданија, продолжувајќи кон селото Ал-Ажраф.

Ниту израелската Армија, ниту сириските власти веднаш не дадоа коментар за наводите.

Во последниот период се забележува засилување на израелските упади во Кунејтра, при што локалните жители се жалат на навлегување на израелските сили во нивната обработлива земја, уништување на стотици хектари шуми, приведувања на жители и поставување нови контролни пунктови.

Во неделата, четворица млади Сиријци од исто семејство беа уапсени од страна на израелските сили за време на рација во Кан Арнабех.

Според податоците на сириската Влада, израелската Армија од декември 2024 година има извршено над 1.000 воздушни напади врз Сирија и повеќе од 400 прекугранични упади во јужните покраини.

По падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година, Израел ја прошири својата окупација на сириските Голански Висорамнини со заземање на демилитаризираната тампон-зона – чекор што претставува прекршување на Договорот за раздвојување од 1974 година со Сирија.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина