| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Во Собранието почна 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата, во рамки на најавената реконструкција на владиниот состав
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Собраниската расправа за предлогот за разрешување членови на Владата, согласно со Деловникот, може да трае најмногу два дена

Секоја генерација добива свој момент на одговорност, момент во кој не одлучува само за сегашноста, туку и за правецот во кој ќе се движи државата во годините што доаѓаат, верувам дека денес е токму таков момент, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред пратениците на седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата.

„Со искрена благодарност за нивната работа ја отвораме следната етапа, не затоа што го негираме сработеното, туку затоа што сакаме врз она што е направено да изградиме уште повеќе“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека министрите за кои се предлага разрешување се луѓе со чест и достоинство и дека не станува збор за луѓе кои не работеле, туку за оние кои дале придонес во реализацијата на владината програма.

Предложени се промени во повеќе ресори, меѓу кои Министерството за правда, здравство, култура и туризам, земјоделство, шумарство и водостопанство, социјална политика, демографија и млади, како и Министерството за односи меѓу заедниците.

Собраниската расправа за предлогот за разрешување членови на Владата, согласно со Деловникот, може да трае најмногу два дена, по што новите министри се избираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД