| Macedonian
Крипто пазарите ја завршија 2025 година со загуби
Скапоцените метали го крадат вниманието од Биткоинот во институционалните портфолија, бидејќи најголемата криптовалута во светот останува под својот врв, вели експерт
Крипто пазарите ја завршија 2025 година со загуби
Биткоинот е приближно 27% под рекордот од октомври 2025 година. / Reuters

Реизборот на американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на 2024 година и неговото враќање на функцијата на почетокот на 2025 година првично поттикнаа оптимизам на крипто пазарите, но главните криптовалути како што се Биткоинот и Етереумот ја завршија 2025 година со загуби.

Трамп ја заврши својата прва година во Белата куќа откако водеше кампања со начин на размислување „Америка на прво место“, ветувајќи дека ќе ја оживее американската економија, ќе ја зголеми вработеноста и ќе ги намали трошоците за живот преку царински и даночни реформи.

Криптовалутите беа меѓу класите на имот за кои се очекуваше да имаат корист за време на вториот мандат на Трамп. Тој вети дека ќе ги направи САД светска суперсила на Биткоин и потпиша извршна наредба на 6 март 2025 година, со која се воспоставуваат Стратешка резерва на Биткоин и Залихи на дигитални средства на САД.

По тие случувања и намалувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД, Биткоинот достигна рекордни 126.199 долари, додека Етереум се искачи на 4.956 долари. Сепак, глобалните неизвесности поврзани со политиките на администрацијата на Трамп и прашањата околу идниот пат на политиката на Федералните резерви предизвикаа притисок за продажба на крипто пазарите.

Биткоинот влезе во тренд на опаѓање во февруари 2025 година и покрај тоа што го проби нивото од 100.000 долари во јануари.

Најголемата криптовалута во светот падна под 80.000 долари во март 2025 година, пред да се врати над 100.000 долари по 90-дневната пауза во царинската војна меѓу САД и Кина во мај. Обновената претпазливост во врска со намалувањето на каматните стапки на Федералните резерви и загриженоста за проценките на акциите за висока технологија подоцна го турнаа Биткоинот под 85.000 долари до ноември 2025 година.

Биткоинот затвори на 103.644 долари на 20 јануари 2025 година, денот кога Трамп ја презеде функцијата, и се тргуваше со околу 90.000 долари во текот на првата година од неговото претседателствување, останувајќи под својот врв.

Биткоинот има силен потенцијал, но доаѓаат скапоцените метали 

Ураз Кеј, стратег за глобални пазари во турскиот инвестициски брокер АК Јатирим, за Анадолу изјави дека Биткоинот останува под нивото од јануари 2025 година и покрај тргувањето за околу 35% повисоко отколку во ноември 2024 година.

Кеј рече дека Биткоинот е приближно 27% под рекордот од октомври 2025 година.

„И покрај намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД во 2024 и 2025 година, позитивните чекори на администрацијата на Трамп за крипто пазарот и појавата на повеќе крипто инструменти во рамките на финансискиот систем, достигнавме точка под нивоата на поврат што инвеститорите се навикнати да ги гледаат на минатите крипто пазари“, рече тој.

„Преваленцата на Биткоинот во портфолијата на институционалните инвеститори сè уште не се зголемила толку колку што се очекуваше, додека перформансите на дигиталното злато го надминаа вистинското злато, а светот на стабилните монети (стејблкоин) стана нов извор на долг за САД, што доведе до прелевање на тгеополитичките ризици на крипто пазарот“, додаде тој.

Кеј рече дека опаѓачката корелација помеѓу Биткоинот и другите инвестициски инструменти покажува силен потенцијал за диверзификација, но скапоцените метали продолжуваат да доминираат во портфолијата.

„Бидејќи најпрометните тргувања во портфолијата се со скапоцени метали, дигиталното злато допрва треба да дојде на ред оти вистинското злато се зголеми и продолжува да расте“, рече тој.

Кеј истакнува дека вкупната вредност на активата во Биткоин спот фондови што се тргуваат на берза (ETФ) паднала до октомври 2025 година, но сепак изнесувала околу 125 милијарди долари.

„Биткоинот има силен потенцијал оваа година, но скапоцените метали го крадат вниманието“, рече тој.

Потенцијално повторно разгорување на интересот за Биткоин

Кеј изјави дека Насдак 100 минатата година забележал многу рекордни затворања, додека индексот е на пат кон уште едно рекордно затворање откако е затворен на крајот од октомври.

Тој истакна дека перформансите на индексот се посилни од оние на Биткоинот во однос на нивните соодветни врвови.

„Корелацијата Биткоин- Насдак 100 е исто така под нивото од претходните години, па затоа би имало повеќе смисла да се фокусираме на корелацијата Биткоин- Злато отколку на онаа со Насдак 100“, рече тој. 

„Односот Биткоин- Злато беше тестиран над нивото од 40 во декември 2024 година, додека моментално е под 20 - и златото и среброто ја завршија минатата година со нивните најдобри приноси од 1979 година, започнувајќи ја силно новата година.“

„Можеби има повеќе смисла да се мисли дека група инвеститори кои не можат да се откажат од скапоцени метали покажуваат помал интерес за Биткоинот, наместо да се прави паралела помеѓу технолошките акции и Биткоин- со овој начин на размислување, потенцијалната корекција на скапоцените метали може повторно да го разгори интересот на инвеститорите за Биткоин“, додаде тој.

Извор: АА

Повеќе
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси три години
Поврзување на регионалните стартапи со Туркије за нови можности преку програмата B2B
НИС од американските власти повторно побара исклучок од санкциите
Овој мај бил вториот најтопол мај во историјата
СпејсX ИПО: Пет клучни факти за „највредното“ пазарно деби во историјата
Опен АИ планира да излезе на берза во трка за рекордна капитализација
Вештачката интелигенција сè повеќе нè придружува како советник во нашиот секојдневен живот
Антропик предлага пауза во развојот на глобалната ВИ, предупредува дека човечката улога се стеснува
Кина одобри иновативен лек против тумори за пациенти со лимфом
Расте бројот на милионери, нивното богатство рекордно се зголемува
Трамп предложи нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји
СпејсX цели кон рекордна вредност од 1,75 билиони долари во јавната понуда
Цените на енергијата поради воените тензии продолжуваат да ја зголемуваат инфлацијата во еврозоната
Алфабет објави план за собирање 80 милијарди долари преку понуди на акции за инвестиции во ВИ
Нвидиа влегува на пазарот на персонални компјутери, новите ВИ чипови предизвик за Интел и АМД
Нов пораст на цената на нафтата поради неизвесноста околу договорот Иран-САД
Крвен тест открива знаци на Алцхајмерова болест децении пред симптомите
Зошто на климатскиот закон му се потребни 1.400 години исламска еколошка мудрост
Доларот не е каков што беше порано: Зошто руската рубља брзо се зајакнува?
Ракетата Њу Глен на компанијата Блу Ориџин експлодираше за време тестирање