Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Пожарот избувна во саботата во трговскиот центар „Гул Плаза“ на прометниот булевар Мухамед Али Џина, во историскиот и главен деловен округ на Карачи. Пламените јазици гореа повеќе од 24 часа
Бројот на жртви во големиот пожар во трговски центар Гул Плаза во Карачи, Пакистан се искачи на 67, а 77 лица сè уште се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи кои траат веќе една недели ги спроведуваат последните напори.
Заменик-комесарот Сут Џавед Наби Косо изјави дека операцијата за пребарување и спасување е во завршна фаза, а се очекува да заврши денес. Тој рече дека досега се пронајдени 67 тела.
Полицискиот хирург д-р Самија Сајед изјави дека обдукциските прегледи на сите пронајдени тела се завршени, а досега се идентификувани 16 жртви, вклучувајќи осум преку ДНК тестирање.
Гувернерот на Синд, Камран Кан Тесори, побара судска истрага за пожарот, велејќи дека одговорните „треба да бидат идентификувани и казнети без одлагање“.
Пожарот избувна во саботата во трговскиот центар „Гул Плаза“ на прометниот булевар Мухамед Али Џина, во историскиот и главен деловен округ на Карачи. Пламените јазици гореа повеќе од 24 часа пред пожарникарите да успеат да го стават пожарот под контрола.
Според службениците присуството на лесно запаливи материи придонело за брзото ширење и интензитетот на пожарот.