| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
Според европската комесарка за проширување менувањето на правилата во текот на судска постапка е во спротивност со сите меѓународни стандарди за владеење на правото
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
KOSOVO-EU-DIPLOMACY

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека усвојувањето на Законот за изменување на Законот за Специјализираните совети на Косово е во спротивност со основните обврски на Косово кон Европската Унија и е неприфатлив.

Говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, Кос ги критикуваше измените на законските правила во време кога судските постапки сè уште се во тек.

„Сакам да бидам јасна дека измените на Законот за Специјализираните совети во Косово се во спротивност со основните обврски на Косово кон ЕУ и тоа е неприфатливо“, рече Кос.

Според неа, менувањето на правилата во текот на судска постапка е во спротивност со сите меѓународни стандарди за владеење на правото.

„Мојата порака е многу едноставна. Европското проширување се движи напред, ние одиме напред. Ако земјите кандидати прават чекори назад, тие нема да бидат на вистинскиот пат и нема да можат да станат членки на ЕУ“, рече Кос.

Изјавата на европската комесарка доаѓа откако Собранието на Косово на 6 октомври го усвои Предлог-законот за измени на Законот за Специјализираните совети, чија цел е ограничување на надлежноста на Специјализираните совети преку стеснување на временскиот период и категориите кривични дела што тие можат да ги разгледуваат.

Меѓу другото, измените предвидуваат и намалување на максималната затворска казна на 15 години, можност за жалба до Врховниот суд на Косово и издржување на казните во Косово.

На 16 септември, Специјализираните совети ги прогласија Хашим Тачи и Јакуп Красниќи за виновни и ги осудија на по 25 години затвор, додека Кадри Весели беше осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими на 13 години затвор.

Поранешните лидери на ОВК беа осудени за воени злосторства, вклучително и незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства.

Повеќе
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Трамп: Русија ќе испорача 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар
Гутереш ги осуди санкциите на САД против МКС
Далија Кајед го преживеала геноцидот - сега ја раскажува својата приказна преку фотографии и вез
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута