| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Венс: „Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата
00:00
Венс: „Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“
Венс: „Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“ / AA

Венс во интервјуто за телевизискиот канал Фокс њуз зборуваше во врска со зголемената тензија меѓу Индија и Пакистан.

Тој рече дека сакаат тензиите што побрзо да се смират, но нагласи дека „нема да можат да ги контролираат тие земји“. Венс истакна дека настанатата ситуацијата „не ги засега САД“ и додаде дека немаат намера да се мешаат во настанатата ситуација.

Венс рече дека САД нема да ги натераат двете страни да го положат оружјето, но истакна дека се загрижени од настанатите тензии и ситуацијата ќе ја следат преку дипломатски канали.

Тој изрази надеж дека тензиите меѓу двете земји нема да ескалираат во поширока регионална војна или нуклеарен конфликт.

– Нападот на Индија врз Пакистан На 6 мај Индија изврши ракетни напади врз територијата на Пакистан и врз делот на Азад Кашмир, кој е под контрола на Пакистан, како одмазда за терористичкиот напад во регионот Пахалгам на 22 април, во кој загинаа 26 лица, за кој Индија смета дека е одговорен Пакистан.

Индиската армија соопшти дека успешно погодила девет цели што ги сметала за „терористички структури“, а пакистанската Влада извести дека во нападите биле погодени шест цивилни објекти, во кои загинале 31 лице, а 57 биле повредени.

Пакистанската армија соопшти дека за време на нападите соборила пет индиски борбени авиони, но индиската страна не го потврди тоа.

На 8 мај пакистанската армија објави дека неутрализирала 25 индиски беспилотни летала „Хароп“.

Повеќе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита