Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД отсега ќе го нарекуваат Ормутскиот Теснец „Теснецот на Трамп“, додавајќи дека САД „победуваат“ во војната со Иран.
„Цените на нафтата ќе паднат штом ќе победиме во војната со Иран, која се одвива токму сега. Ќе победиме во неа“, рече Трамп за време на собир на републиканците во Далас, Тексас.
„Ние победуваме. Ние го контролираме Ормутскиот Теснец. Мислам дека треба да го наречеме Теснецот на Трамп. Треба да добијам нешто од тоа. Теснецот на Трамп.
Така ќе се вика... дами и господа, ќе дадам соопштение... ќе го наречеме Теснецот на Трамп, и сигурен сум дека иранското раководство ќе биде воодушевено од тоа“, рече тој.
Трамп изјави дека Иран „се распаѓа“, додавајќи дека земјата била „насилник на Блискиот Исток цели 51 година, но веќе не е“.
Тој предупреди дека САД би можеле да изведат напад врз иранската планина Пикекс „бидејќи некој рече дека имало мало движење на тоа место“, тврдејќи дека САД се свесни за секое движење во областа.
„Точно знаеме што се случува... Би го советувал Иран да не прави глупости бидејќи ќе мораме многу силно да ги удриме. Немаме избор, нели?“, рече Трамп. „Не можеме да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје. Тоа е многу едноставно.“
Неговите изјави дојдоа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД околу Ормускиот Теснец, и покрај потпишувањето на Меморандумот во јуни, со кој се предвидуваше постигнување договор за повторно отворање на стратегискиот воден пат како вовед во поширок мировен договор.
















