| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“
„Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.
Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“
Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“ / Влада на РСМ

Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект.

„Јас имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.

И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката на дел од опозицијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно побара гаранции преку амандмани за да ги поддржи измените на Законот за прекршоци. Мицкоски, пак, вели дека е логично да има усогласувања во првите три до шест месеци.

„Никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните три до шест месеци да имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што, ќе повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди“, порача премиерот.

Проектот има за цел целосна автоматизација на казнувањето за сообраќајни прекршоци, со што се очекува значително зголемување на дисциплината на патиштата во Скопје.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци