Трамп ќе купи нов автомобил Тесла како поддршка за Илон Маск
Утре наутро ќе купам сосема нова Тесла како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец, напиша Трамп поради неодамнешните протести против Тесла и падот на цената на акциите на компанијата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе купи нов автомобил Тесла како знак на поддршка за сопственикот на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести против Тесла и падот на цената на акциите на компанијата.
„Утре наутро ќе купам сосема нова Тесла како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец“, напиша Трамп на неговата платформа Вистина (Truth Social), пренесе Ројтерс.
Маск е еден од најблиските советници на Доналд Трамп и шеф на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) која изврши поголеми резови и отпуштања во американската администрација.
Токму улогата на Маск во федералните отпуштања иницирани од Трамп предизвикаа протести против Тесла во САД.
Минатата недела, околу 350 демонстранти се собраа пред салонот на Тесла во Портланд, додека девет лица беа уапсени за време на протестот пред изложбен салон во Њујорк на почетокот на март.
Маск му се заблагодари на претседателот за неговата поддршка на X.