| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Николоски: Брза пруга од северната до јужната граница до 2031 година
Николоски истакна дека во 2031 година се очекува да се реализира брзата железничка врска од границата со Србија до границата со Грција, со дупла двоколосечна пруга, посочувајќи дека целиот проект би требало да чини околу 2 милијарди евра
Николоски: Брза пруга од северната до јужната граница до 2031 година
Николоски: Брз пруга од северната до јужната граница до 2031 година / AA

Вицепремиерот и министер за транспорт на Северна Македонија, Александар Николоски, изјави дека во 2031 година Северна Македонија ќе има брза пруга од границата со Србија до границата со Грција, пренесува Анадолу.

Николовски ТВ гостување рече дека проектот за брза пруга е започнат минатата есен, а во негови рамки во текот на една година се изработува најбитниот дел од проектната документација, што се однесува на планирањето и подготовките, како и дека станува збор за обемен процес кој вклучува геотехнички истражувања, анализа на влијанието врз животната средина, како и археолошки истражувања покрај трасата.

Како што истакна, рокот за изработка на планот е околу една година, по што ќе се добијат првите подетални резултати и насоки за понатамошна реализација. Додаде дека изградбата на пругата би траела околу пет години.

Николоски истакна дека во 2031 година се очекува да се реализира брзата железничка врска од границата со Србија до границата со Грција, со дупла двоколосечна пруга, посочувајќи дека целиот проект би требало да чини околу 2 милијарди евра.

Тој објасни дека проектот за Вардарската Долина на ниту еден начин не е поврзан со оваа брза пруга и додаде дека дури и да има идни влади, предвидените хидроцентрали би можеле да се реализираат одделно.

Во однос на финансиските параметри, министерот Николоски наведе дека цената на километар за брза пруга изнесува околу 10 милиони евра, но рече дека новата траса би била под таа цена, што ја прави конкурентна.

Тој додаде дека сегашната траса од Србија до границата со Грција е околу 235 километри, додека новата, која ќе користи подобра линија, би била под 200 километри, и нагласи дека проектот се работи сериозно со поддршка и интерес од британски компании.

Повеќе
Кина и САД заеднички решаваат случај на транснационална трговија со дрога
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Израел е еден чекор поблиску до предвремени избори
Фон дер Лајен: Единствениот ЕУ пазар треба да се прилагоди на денешните предизвици
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
САД и Израел сакале да го доведат поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на власт по нападите
Трамп и Нетанјаху имале „драматичен“ разговор за Иран, тврдат израелски медиуми
Иран предупредува: Новиот американско-израелски напад ќе го прошири конфликтот надвор од регионот
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата