Хрватска потпиша договор за набака на 44 тенкови „Леопард” од Германија
Ова е важен чекор кога станува збор за трансфер на технологија во Хрватска, за транзиција кон западна технологија, каде што можеме да продолжиме да ја зајакнуваме соработката во областа на одбраната и безбедноста, рече хрватскиот премиер Пленковиќ
Хрватска денеска потпиша договор со Германија за купување 44 тенкови „Леопард 2А8“ за време на посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Берлин.
Зборувајќи по церемонијата на потпишување, канцеларот Мерц изрази благодарност за одлуката на Хрватска. „Искрено ви благодарам за оваа доверба. Ова ги зајакнува нашите вооружени сили како сојузници на НАТО и ги интегрира беспрекорно и ефикасно преку нашите системи. Ова никогаш не било поважно од денес“, рече Мерц.
Пленковиќ ја нагласи важноста од набавката на напредните тенкови „Леопард“ за неговата земја, истакнувајќи дека Хрватска ќе продолжи да ги модернизира своите вооружени сили, а воедно ќе има корист од нововоспоставените одбранбени програми на ЕУ и ќе придонесува кон заедничките одбранбени напори.
„Ова е важен чекор кога станува збор за трансфер на технологија во Хрватска, за транзиција кон западна технологија, каде што можеме да продолжиме да ја зајакнуваме соработката во областа на одбраната и безбедноста - на пример со компанијата DOK-ING и други“, рече тој.