| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган: Туркије продолжува со напорите за отворање пат за мир низ регионите
Турскиот претседател во видео порака до 9. Истанбулска конференција за посредување рече дека дипломатијата мора да остане опција дури и во најтешките спорови, притоа упатувајќи критики кон системот на ОН, во кој пет земји имаат одлучувачка моќ
Ердоган: Туркије продолжува со напорите за отворање пат за мир низ регионите
Секогаш постои отворена врата за дипломатијата, дури и во најтешките спорови, додаде турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије ќе продолжи со своите дипломатски и посреднички напори со цел да помогне во решавањето на конфликтите, предупредувајќи дека опаѓањето на довербата во меѓународните институции ја продлабочува глобалната нестабилност.

Во видео-порака упатена до 9. Истанбулска конференција за посредување, Ердоган му се заблагодари на Министерството за надворешни работи за организирањето на настанот и ја поздрави растечката улога на Истанбул како дипломатски центар.

„Ми претставува задоволство што Истанбул, кој со векови ги поврзува луѓето и културите, денес стана еден од центрите на дипломатијата“, рече тој.

Ердоган ја истакна важноста од одржување на дипломатскиот ангажман во услови на зголемени конфликти, ескалација на тензиите и опаѓање на довербата во меѓународното право и институциите.

„Како Туркије, си поставивме принцип никогаш да не се откажуваме од дипломатијата, дури и кога страните одбиваат да разговараат меѓусебно, а надежите згаснуваат“, рече тој.

Како примери за работата на Туркије на отворање патишта кон мирот, тој ги наведе размената на затвореници меѓу Русија и Украина, како и напорите за посредување ширум Африка.

Ердоган ја критикува глобалната нерамнотежа во моќта

Ердоган повторно повика на реформа на Обединетите нации, повторувајќи ја пораката дека „Светот е поголем од петмина“- алудирајќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Тој наведе дека Генералното собрание на ОН неодамна заседаваше на тема „Повторно градење на довербата“, фокусирајќи се на враќање на довербата во меѓународниот систем.

„Денес, милиони луѓе во Палестина, Либан, Судан и други кризни зони, кои ги положија своите надежи во Обединетите нации, се длабоко разочарани“, рече Ердоган.

„Структура во која волјата на повеќе од 190 земји зависи од дискреционото право на пет земји, не е ниту праведна, ниту способна целосно да ја врати довербата“, додаде тој.

Ердоган изјави дека Туркије го отфрла пристапот кон меѓународната политика заснован на недоверба и истакна дека дипломатијата останува можна дури и во најтешките спорови.

„Прашањето е дали можеме да покажеме волја, храброст и искреност за да ја одржиме таа врата отворена“, рече тој, додавајќи дека Туркије ќе продолжи да ги зближува страните, да посредува за постигнување праведни решенија и да презема одговорност за мирот.

Повеќе
Во Истанбул започна 19-тиот Евроазиски економски форум „Верона“
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Либискиот Парламент го одобри поморскиот договор со Туркије, поништувајќи ја претходната одлука
Фидан и шефот на НАТО, Руте, разговараа во Брисел за безбедноста во Црното Море
Аеродромот Истанбул избран за „Најдобар во светот“
Туркије, Катар, Пакистан и Индонезија ќе потпишат договор за одбранбена индустрија
Туркије почна голем проект за податочни центри- чекор кон создавање регионален дигитален центар
Ердоган: Туркије остана надвор од регионалните конфликти
Куртулмуш: Mеѓународната заедница да дејствува против израелските прекршувања на меѓународнoто право
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
Анкара очекува Вашингтон да ги укине санкциите КAATСA и ограничувањата за одбранбената индустрија
Туркије ја осуди одлуката на Колумбија да ја премести амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим
Сирија уапси осомничен за масакрот во Банијас, поврзан со бомбашките напади во Рејханли, Туркије
Невидени врнежи од дожд предизвикаа ненадејни поплави во Истанбул