ПОЛИТИКА
3 мин читање
Москва: Русија и Сирија разговараат за воени објекти и соработка во нафтениот и енергетскиот сектор
Подготвени сме да учествува во развојот на нафтените полиња во Сирија и да ја прошириме соработката во енергетиката и реконструкцијата, изјави вицепремиерот Александар Новак
Москва: Русија и Сирија разговараат за воени објекти и соработка во нафтениот и енергетскиот сектор
Разговорите меѓу Путин и ал-Шара се фокусирале на заедничките проекти и обновување на транспортната и енергетската инфраструктура на Сирија
16 октомври 2025

Русија и Сирија разговараат за присуството на Москва во земјата, вклучително и за можноста за реорганизација на руските воени објекти, соопшти вчера Министерството за надворешни работи на Русија, додека двете страни се стремат да соработуваат на проекти за нафта, енергија и реконструкција.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека дискусиите за ова прашање се водат како дел од широка билатерална агенда.

„Нашата билатерална агенда со Сирија опфаќа широк спектар прашања поврзани со руско-сириската соработка. Исто така, се дискутира и за нашето воено присуство во Сирија, вклучително и во контекст на евентуалното реструктурирање на руските воени објекти. Секако, ваквите прашања и контакти се водат зад затворени врати“, изјави Захарова за новинарите.

Таа истакна дека руското Министерство за одбрана е главниот орган одговорен за ваквите прашања.

„Рековме сè што можевме за ова прашање. Дијалогот, вклучително и меѓу воените оддели на двете земји, ќе продолжи и ќе ве информираме што е можно поскоро“, додаде таа.

Русија одржува два клучни воени објекти во Сирија - логистичката база на морнарицата во пристанишниот град Тартус и воздухопловната база Хмејмим во покраината Латакија.

Вицепремиерот Александар Новак изјави дека Москва е подготвена да учествува во развојот на нафтените полиња во Сирија и да ја прошири соработката во енергетиката и реконструкцијата, по разговорите меѓу претседателот Владимир Путин и сирискиот привремен претседател Ахмад ал Шара во Москва.

„Руските компании работат во Сирија долго време на нафтените полиња. Има полиња кои бараат развој, некои кои чекаат на употреба, а има и нови полиња. И ние сме подготвени да учествуваме“, изјави Новак.

Тој рече дека разговорите меѓу претседателот Владимир Путин и сирискиот претседател Ахмад ал Шара, кој вчера ја оствари својата прва официјална посета на Русија, се фокусирале на заедничките проекти и обновување на транспортната и енергетската инфраструктура на Сирија.

„Генерално се согласуваме дека Сирија во моментов има потреба од реконструкција. Тие имаат многу уништена инфраструктура: енергетска, железничка и транспортна инфраструктура. И Русија може да обезбеди поддршка тука“, рече тој.

Новак додаде дека било разговарано за хуманитарните залихи, велејќи: „Особено, сириската страна е заинтересирана за добивање пченица, храна и лекови. Ќе се работи на овие прашања“.

Тој рече дека двете страни се согласиле да свикаат состанок на меѓувладина комисија „во блиска иднина“ за да разговараат за трговската, економската и инвестициската соработка, вклучувајќи проекти во енергетиката, транспортот, здравството, туризмот и културата.

„Нашите компании се заинтересирани за развој на транспортната инфраструктура и обновување на енергетскиот сектор“, рече Новак, додавајќи дека руските фирми планираат да користат домашна опрема во реконструкцијата на Сирија.


Повеќе
Анализа: Нема докази за поврзаност на аутизам со употреба на Тиленол во бременост
Салвини: Мигрантите што не ги почитуваат правилата да „си заминат“ од Италија
ЕУ „континуирано работи на нови начини“ за зголемување на притисокот врз Русија
Oстатоци од руски дрон паднале во Романија по ноќешниот нападот врз Украина
Германија ќе развива „Сајбер купола“ за одбрана од дигитални закани
Американскиот Сенат усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата
Трамп по средбата со Ал Шара: САД ќе направат сè што можат за Сирија да биде успешна
Сирискиот претседател Ал Шара е во историска посета на САД
Израел: За борците на Хамас во Рафа ќе се одлучува заедно со САД
Комеморативна церемонија за Ататурк се одржа во земјите на Балканот
Тајланд го суспендираше мировниот договор со Камбоџа по експлозија на мина
Нетанјаху и Кушнер разговараа за втората фаза од договорот за примирје во Газа
Туск: Проруските петтоколонаши може да ја уништат Европската Унија
Кремљ: Лавров активно работи како министер за надворешни работи
Сенатот постигна привремен договор, американската влада излегува од блокадата
Колумбија: На самитот Латинска Америка- ЕУ со Декларација отфрлена употребата на сила на Карибите
Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради скандалот со монтираните снимки од Трамп
Поранешниот јужнокорејски претседател Јун обвинет за „однесување во корист на непријателот“
Гаши во Туркије ја прими Глобалната награда за дипломатија
Турскиот министер за надворешни работи утре во посета на САД