| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Изложба, претстава и награди за животно дело вечерва на отворањето на 60. МТФ„Војдан Чернодрински“
Фестивалот ќе почне со хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на МТФ, визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот
Изложба, претстава и награди за животно дело вечерва на отворањето на 60. МТФ„Војдан Чернодрински“
Вкупно 13 претстави ќе бидат изведена на јубилејното издание кое ќе трае до 12 јуни (Фото: Елена Мелончели) / Others

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот.

Изложбата е поддржана од „Витаминка“ - Прилеп во рамки на заедничката прослава „70-60-50“  (70 години „Витаминка“, 60 години МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп и 50 години заедничка соработка).

Патеката ќе започне од Театарот „Војдан Чернодрински“, ќе продолжи кон Музејот на икони, Градскиот саат, Реклами, и ќе заврши во Центарот за култура „Марко Цепенков“. 

„Сакаме да им оддадеме почит на тој начин што ќе ги споменеме заедно со сите фотографии, постери, документи, предмети кои ќе го осведочат времето што поминало, но и ќе направат одличен простор за времето што ќе дојде. Изложбата има и перформативен дел - студентите од ФДУ под менторство на режисерката Шенај Мандак играат перформанс на драмите од Дејан Дуковски. Патот на фестивалот е симболична патека на која преку нарација и аудиовизуелен контакт ќе може да ја следиме историјата на фестивалот и да ја видиме секоја значајна меморабилија“, вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот. 

Свеченоста ќе продолжи во големата сала на Центарот, во 20 часот. Честа прв да настапи ќе ја има ансамблот на Драмскиот театар, со претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, од официјалната програма на фестивалот.

На претставата ќе и претходни проекција на документарен филм посветен на фестивалот. На присутните ќе им се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е покровител на фестивалот, а за отворен ќе го прогласи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Ќе се обрати Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот. Пред изведбата на претставата, ќе бидат врачени наградите на лауреатите на наградите за животно дело на Атила Клинче, Сашо Миленковски, Веби Ќерими и Љубомир Чадиковски. 

Вкупно 13 претстави ќе бидат изведена на јубилејното издание кое ќе трае до 12 јуни - девет во официјална и четири во придружна програма.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Храбриот нов театар“ и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“.

На затворањето ќе настапи Београдско народно позориште, со претставата „Црно злато“ Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, Авторот во фокус на фестивалот годинава. 


Повеќе
Бројот на барања за азил во Европската Унија падна на најниско ниво од 2021 година
Турските пилоти ја започнаа обуката за летање во рамките на набавката на „Еурофајтер тајфун“
Двајца државјани на Азербејџан загинаа во напад со дрон врз брод во Црното Море
Мерц: Нема знаци дека ќе заврши војната во Украина и покрај иницијативата на САД
Судот во Хонг Конг пресуди во корист на поранешна новинарка на „Волстрит џурнал“
Тројца загинати и над 30 повредени во руско-украинските воздушни напади
Иран нанесе штета на американски воени авиони во Јордан
Четворица Палестинци од исто семејство убиени во израелски напад
Претседателот на САД: Ќе го преименуваме Ормутскиот Теснец во Теснецот на Трамп
Иран ги осуди нападите на САД врз комерцијални бродови
Не успеа конституирањето на Собранието на Косово, седницата продолжува во петок
Лидерите на кипарските Турци и кипарските Грци се сретнаа во тампон-зоната на ОН
НАТО го претстави „АНКА III“ како „НАТО 3.0 во пракса“
ЕУ: Израелските населби се нелегални и пречка за решение за две држави
Вучиќ го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври