| Macedonian
„Блок„ на Џек Дорси ќе отпушти 4.000 вработени со автоматизацијата
Во текот на следната година, тој очекува мнозинството компании да дојдат до истиот заклучок и да преземат слични структурни промени, односно дека Блок не „подранува“ туку дека останатите „доцнат“
„Блок„ на Џек Дорси ќе отпушти 4.000 вработени со автоматизацијата
„Блок„ на Џек Дорси ќе отпушти 4.000 вработени со автоматизацијата / AP
27 февруари 2026

Компанијата за финансиски технологии „Блок“, сопственик на апликацијата за мобилно плаќање и финансии „Каш Ап“, објави дека ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени, бидејќи фирмата воведува автоматизација со прифаќање на вештачки интелигентен систем.

„Денес споделивме тешка одлука со нашиот тим. Го намалуваме бројот на вработени во „Блок“ за речиси половина, од над 10.000 луѓе на нешто помалку од 6.000, што значи дека од над 4.000 луѓе се бара да си заминат или влегуваат во консултации“, изјави Дорси.

„Блок“, основан од Џек Дорси - коосновачот на социјалната мрежа „Твитер“, сега позната како X - ги објави своите финансиски резултати за четвртиот квартал од минатата година.

Дорси изјави дека верува оти ова е правилниот тек на дејствување за компанијата и ги наведе причините за одлуката.

Укажувајќи на растечкото влијание на алатките за вештачка интелигенција, Дорси истакна дека тие фундаментално го менуваат тоа што значи да се изгради и води компанија.

„Веќе го гледаме тоа интерно. Значително помал тим, користејќи ги алатките што ги градиме, може да направи повеќе и подобро. А можностите на аналитичките алатки се зголемуваат побрзо секоја недела“, рече тој.

Во текот на следната година, тој очекува мнозинството компании да дојдат до истиот заклучок и да преземат слични структурни промени, односно дека Блок не „подранува“ туку дека останатите „доцнат“.

Тој додаде дека претпочита да ги прави овие прилагодувања проактивно и транспарентно, според условите на компанијата, отколку да биде принуден да дејствува како одговор на надворешни притисоци.



Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви