| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
ЦЕНТКОМ: САД завршија низа напади врз иранската војска
„Американските сили погодија цели на Корпусот на исламската револуционерна гарда, вклучително и позиции на противвоздушната одбрана, радарски системи, поморски средства и објекти, капацитети за поставување мини и комуникациски центри.“
ЦЕНТКОМ: САД завршија низа напади врз иранската војска
ЦЕНТКОМ: САД завршија низа напади врз иранската војска / َAA

Централната команда на американската војска (CENTCOM) во средата соопшти дека американските сили завршиле со серијата напади врз ирански воени цели.

„Американските сили погодија цели на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), вклучително и позиции на противвоздушната одбрана, радарски системи, поморски средства и објекти, капацитети за поставување мини и комуникациски центри“, наведе на социјаЦЕНТКОМ во објава на социјалната мрежа X, со седиште во САД.

Соопштено е дека нападите уследиле по неодамнешните обиди на ИРГЦ за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец и врз американски војници.

„Повеќе од 50.000 американски војници моментално дејствуваат низ Блискиот Исток и остануваат внимателни, смртоносни и подготвени да продолжат со изведување операции по наредба на врховниот командант“, се додава во соопштението.

ЦЕНТКОМ претходно соопшти дека започнал напади врз цели на ИРГЦ во Иран.

По ова соопштение, иранските медиуми известија дека експлозии се слушнале на островот Кешм, како и во градовите Бандар Абас, Сирик, Чабахар и Конарак.

Иранската државна телевизија извести дека цел бил и аеродромот Џирофт во провинцијата Керман.

Ахмад Нафиси, заменик-гувернер на провинцијата Хормозган, претходно изјави дека, според првичните проценки, најмалку четири лица загинале, а 50 биле повредени откако, наводно, САД гаѓале свадбена церемонија.

ИЗВОР:АА
Повеќе
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија