| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Израелската војска планира уривање на либански села за проширување на окупацијата во јужен Либан
Според планот, сите села и градови во длабочина од 3 км ќе бидат урнати и на локалното население нема да му биде дозволено повторно да се врати таму, а израелските сили ќе бидат распоредени на „третата линија“, на 8 км од границата
Израелската војска планира уривање на либански села за проширување на окупацијата во јужен Либан
Повеќе од милион лица се раселени во Либан поради изрелските напади / AP
3 април 2026

Израелската војска ќе ѝ претстави план на Владата за уривање на домовите во либанските села и градови покрај израелската граница, со цел проширување на окупацијата во јужниот дел на Либан, објавија денес израелските медиуми.

Според државната телевизија КАН (KAN), израелската војска во текот на оваа недела ќе го презентира својот план кој се однесува на јужниот дел на Либан.

На териториите каде што Израел веќе присилно го расели либанското население, војската има за цел да ја направи окупацијата постојана преку формирање на таканаречена „безбедносна зона“ во длабочина од три километри внатре во Либан.

Според овој план, сите села и градови во тој појас во Јужен Либан ќе бидат урнати, а на локалното население нема да му биде дозволено повторно да се врати таму. Израелските сили ќе бидат распоредени покрај линијата опишана како „трета линија“, која се наоѓа на 8 километри од границата.

Во објавата исто така се тврди дека администрацијата во Тел Авив и воениот врв проценуваат дека, доколку нападите против Иран завршат, поголем фокус ќе биде ставен на Хезболах и на прекинување на врската меѓу оваа групација и Техеран.

Дополнително, медиумите пренесуваат дека разоружувањето на Хезболах веќе не е меѓу примарните цели на израелската војска, иако тоа претходно беше најавувано. Сега се верува дека за такво нешто би било потребно „влегување во секое либанско село едно по едно“, се наведува во објавата.


Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа