Туркије повтори дека не ја признава „де факто ситуацијата во Крим“
„Силно поддржувајќи ги независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Туркије ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на полуостровот и да го држи ова прашање на агендата“
На 12-годишнината од руската анексија на Крим преку „нелегитимен референдум“, Туркије денес порача дека не ја признава „де факто ситуацијата на Крим“, оценувајќи дека таа претставува „кршење на меѓународното право“.
„Силно поддржувајќи ги независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Туркије ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на полуостровот и да го држи ова прашање на агендата, со посебно внимание на ситуацијата на кримските Татари“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, потег што меѓународната заедница, вклучително и Туркије и Генералното собрание на ОН, го смета за нелегален.